Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Реконструираната Општа Болница во Струмица треба да биде пуштена во употреба од почетокот на септември

По 40 години, Општата Болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите околу доопремувањето, по што, од почетокот на септември, објектот ќе биде целосно пуштен во употреба. Во објектот кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица, туку и од околните општини, се инвестирани над 4,5 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 40 години, Општата Болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите околу доопремувањето, по што, од почетокот на септември, објектот ќе биде целосно пуштен во употреба.

Во објектот кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица, туку и од околните општини, се инвестирани над 4,5 милиони евра.

Како што истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид на болницата, реформите во здравството остануваат фокус на Владата, а сите проекти и инвестиции што се досега спроведени во оваа сфера, го подобруваат квалитетот на живтотот на граѓаните.

Реклама

-Задача на Владата е да ги испорача обврските што им ги вети на граѓаните. Сакаме да завршиме се што е почнато, да поставиме линија, за да знаеме потоа во која насока ќе се движиме. Во здравството имаме многу фокус, сите реформи и инвестиции досега го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Така и ќе продолжиме, нагласи Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу, кој го придружува Мицкоски, рече дека болниците во државата остануваат приоритет кога станува збор за модернизацијата.

-Регионализацијата станува реалност. Во Општата Болница – Струмица се инвестирани над 4,5 милиони евра. Објектот ќе опслужи над 200.000 граѓани не само од Струмица, туку и од околните општини. Оваа болница ќе биде една од најмодерните регионални болници, со услови како европските, рече Алиу.

Со реконструкцијата на болницата, целокупниот хируршки блок ќе се транмсферира во т.н. ново крило, а конзервативниот дел на медицинските услуги ќе остане во стариот дел од објектот.