Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

РЕК Битола ќе престане да купува скап јаглен од странство – државата планира нов рудник за јаглен во Живојно

РЕК Битола, најдоцна за една година, има шанса да престане да увезува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

РЕК Битола, најдоцна за една година, има шанса да престане да увезува скап јаглен. Петнаесетина години испитуваната жица за нов ископ на јаглен во близина на селото Живојно и на двата веќе постоечки рудници, може да стане единственото решение за комплетно покривање на потребите од овој енергенс на Комбинатот од сопствено производство, а кој сега учествува дури со 50 отсто во производната цена на струјата.  Со тоа, според експертите, би се намалила и енергетската зависност на земјава, но и цената на струјата. Плус, станувало збор и за исклучително квалитетен јаглен.

   „Според проценките од геолошките истражувања и достапната документација, предвидувањата се дека на наоѓалиштето имаме околу 24 милиони тони јаглен, а реализацијата и динамичкиот план треба да се одвива во период од 7 години.  Со таа динамика, тој период од 7 години, ќе се совпадне со моментот на напуштањето на производството на електрична енергија од т.н нееколошки извори и ресурси“ – вели Тони Ангелевски, помошник директор за развој и инвестиции на РЕК Битола.

   Во период на енергетска трансформација кон целосно „зелени“ енергенси, а која треба да заврши до 2030 година и за што АД ЕСМ веќе работи на елиминирањето на набавката на увезен јаглен за потребите на РЕК Битола, работи и на кампањата за обезбедување на домашен јаглен од овој нов коп. За придобивките и негативностите од овој проект, најмногу врз животната средина, веќе е изготвена и Студија.

Реклама

   „Студијата е изработена на исклучително високо ниво, сеопфатна е. Од Управата за заштита на животната средина ги има добиено насоките, изработена е согласно важечките прописи во нашата држава, ги има сите елементи, сите области и сите аспекти од влијанието врз животната средина“, – открива Тони Ангелевски.

   Сепак, во Студијата изработена од „Технолаб“ од Скопје, се укажува и на негативностите. Станувало збор за создавање на сосема нов објект, со површинско ископување, пренесување и одлагање, а тоа можело негативно да влијае врз биодиверзитетот на животинскиот и растителниот свет во тој регион, како и врз слободното движење на месното население. Од АД ЕСМ пак, велат дека отворањето на копот ќе значи економски исплатливо домашно производство, што е и национален интерес. Од овие причини, неодамна во Битола, МЖСПП одржа и јавна расправа, по чија евалуација ќе треба да се финализираат и понатамашните чекори за реализацијата на овој проект.