Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Реализирана втората археолошка истражувачка етапа на мошне значајна градба – јавна бања во месноста „Долиште“ крај с. Прилепец

Градбата на Јавна бања од римскиот период, датирана некаде околу првиот век,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градбата на Јавна бања од римскиот период, датирана некаде околу првиот век, а која археолозите за прв пат ја открија уште во 2022 година на локалитетот „Долиште“ помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, годинава ја „доживеа“ и својата втора истражувачка етапа. Станува збор за т.н. „судаториум“ кој имал висечки под од керамички плочки и малтер кои лежеле врз столпчиња од т.н. хипокаустни керамички кружни тули, под кои струел топол воздух, што е всушност еден вид подно загревање.

„Исто така имало и други простории. Во едната просторија луѓето оделе во базен со топла вода, во друга просторија во базен со ладна вода, а исто така, имало и соблекувални. Во наредните години, со другите истражувачки кампањи се надеваме дека ќе ги откриеме и овие други простории кои што ги наброив. Инаку, Бањата што ја истражуваме кај с. Прилепец е јавна градба. Оние побогати луѓе во тоа римско време имале во своите луксузни домови свои помали бањи, меѓутоа димензиите на просторијата која ние ја истражуваме покажува дека станува збор за јавна градба – Бања на градот што постоел во близина на с. Прилепец“, – вели Душко Темелкоски, археолог при НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп.

Што се однесува пак, до градот кој егзистирал на овој простор, најголемите уверувања на археолозите се дека да станува збор за се’ уште неубицираниот град Пелагонија. Ова, од причини што овде се откриени и две бронзени монети, една на Александар и една кована од градот Пелагонија. Монетите од градот Пелагонија кои се ковале веднаш по поделбата на Античка Македонија, а по римската окупација во средината на 2-от век, се мошне ретки, објаснува Темелкоски. Во претходните години, во непосредна близина се истражувани и неколку пунктови за погребувања во подолг временски интервал од околу 800 години, односно од 6-от до 3-от век од нашата ера.

Реклама

Инаку, римската Бања во „Долиште“ е второ вакво откритие во прилепско, после онаа во локалитеот „Пештерица“ која била откриена уште во 1965 година, а која сега е потопена со водите од Вештачкото езеро. Археолозите се надеваат дека новооткриената бања нема да ја има судбината на првата.

Министерството за култура, годинашните истражувања ги поддржа со 3.000 евра.