Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Реџеповиќ: Европска престолнина на културата Скопје 2028 е шанса за културен развој и европско интегрирање

Европската престолнина на културата претставува можност за значителни културни и економски придобивки,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската престолнина на културата претставува можност за значителни културни и економски придобивки, за урбана трансформација и зајакнување на меѓународниот профил на градот, порача денеска во Град Скопје претставничката на Европската комисија, Елсе Христенсен Реџеповиќ, на обука одржана во рамки на проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“.

Обуката беше наменета за национални и јавни установи вклучени во проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“ и беше фокусирана на процесите и обврските кои ќе се реализираат во наредните години.

Реџеповиќ истакна дека суштината на Европската престолнина на културата е соработката и вклучувањето на сите сектори на општеството, нагласувајќи дека станува збор за многу повеќе од културни настани.

Реклама

-Европска престолнина на културата е можност градот да генерира значителни културни материјални и економски придобивки и може да помогне во потикнување на урбаната генерација, промена на имиџот на градот и подигнување на неговата видливост и профил на меѓународно ниво, вдишување нов живот во градската култура и зајакнување на туризмот, вели Реџеповиќ.

Таа нагласи дека целта на иницијативата е европска интеграција преку согледување и славење на културната разновидност, како и обезбедување економска корист за градот и регионот.

-Целта на Европската престолнина на културата е европска интеграција, да се согледа и да се слави културната разновидност и меѓународниот профил на градот. Ова е наменето и за да се оствари економска корист и да се осигураме дека сите во градот – таксистите, продавачите, чистачите, се дел од она што Европската престолнина на културата има за цел да го постигне, вели Реџеповиќ.

Според неа, проектот отвора простор за меѓусекторска соработка и вклучување на уметниците во различни области, со цел поттикнување креативно и иновативно размислување.

-Европската престолнина на културата му дава на градот можност да соработува меѓу области во кои вообичаено не би соработувале, а двете главни цели се чувството на припадност кон заедничка културна област и промовирање на вредноста на културата за градот и регионот, вели Реџеповиќ.

Проектот „Европска престолнина на културата Скопје 2028“ предвидува повеќегодишен процес на подготовка и реализација, со вклучување на институциите, граѓаните и приватниот сектор, со цел долгорочен културен, социјален и економски развој на градот.