Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Хроника

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Припадник на ИСИС, 34 годишникот К.И. формирал огранок на терористичката огранизација за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Припадник на ИСИС, 34 годишникот К.И. формирал огранок на терористичката огранизација за извршување на терористички напади во Македонија. За таа цел почнал да влијае, да убедува и насочува млади луѓе да ги прифатат идеите и целите на исламската држава. Ширел пропаганда со радикална и есктремна содржина, а со други двајца , на возраст од 24 и 30 години од Скопје, незаконски тргувале со оружје и изработувале екплозиви. Полицијата вчера направила претреси кај шест, на 12 локации во селата Сингелиќ и Брест, и во скопски Чаир, а уаспени биле петмина од нив.


Сите од уапсените биле во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот. Исламско радикалниот елемент е одлика која е заедничка за повеќето членови,, оценува Агенцијата за национална безбедност која ја следела групата.

Индоктринирањето на млади лица од страна на истакнатите членови на групата е модус операнди кој континуирано се применува. Верските објекти каде се практикува радикалниот ислам и онлајн радикализацијата претставуваат иницијални тригери за регрутација на младите, кои подоцна се интегрираат во дадени криминогени активности на групацијата“ велат од АНБ.


Токму првоосомничениот бил задолжен да регрутира млади во терористичката келија.

Реклама
  • „Како припадник на терористичката организација ИСИС, вршел индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС, а исто така ширел пропаганден материјал со екстремна и радикална содржина и набавувал и ракувал со огнено оружје. Б.А.(24) и Е.С.(30) заедно со К.И. формирале група во која неовластено поседувале, посредувале и тргувале со огнено оружје и муниција“ стои во кривичната од МВР.


Полицијата запленела автоматски пушки и рамки за нив, снајперска пушка, рамка за снајперска пушка, пиштоли, куршуми од различен калибар, тактички елек, радио врски, официјално знаме на терористичката организација ИСИС, лаптопи и мобилни телефони, како и поголема сума на денари и девизи.Дополнително, преку претресите било откриено дека краделе струја , која, според првичните информации ја користеле за копање крипто валути.


Обвинителството отвори истрага, а дел од доказите ги обезбедели и од предмет кој е во фаза на судење.

  • „Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош, соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција“ сооштија од ОЈО за ГОКК.

Истрагата ќе покаже дали осомничените ќе одговараат и лихварство, трговија со дрога и други насилни дела за што постојат индиции.