Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Гаши: Нема проблем кој не може да се реши преку отворен дијалог и координација

Нема проблем кој не може да се реши и никој не сака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема проблем кој не може да се реши и никој не сака да прави преседани, туку сакаме заедно да одиме кон решавање на евентуалните или објективни проблеми што настануваат со интерпретација на одредени членови на деловникот. Преку отворен дијалог на координација во понеделник сите заедно можеме да дојдеме до такво решение, истакна денеска претседателот на Собранието Африм Гаши во одговор на процедуралните забелешки на пратениците од опозицијата за 130. седница на која вчера требаше да бидат поставувани пратенички прашања. 

Тој денеска продолжи со 129. седница на чиј дневен ред се неколку неразгледани точки, но расправата не започна поради процедурални забелешки на пратениците од опозицијата. Даде 30 минути пауза за координација со пратеничките групи. 

Според него, во случај кога има различни интерпретации за некои членови од Деловникот кои не се докрај прецизирани, доколку се случи недоразбирање најдобро е тоа да се да се реши со заеднички договор. 

Реклама

– Јас затоа ја прекинав вчера седницата и ве повикав на координација. Вие не дојдовте. Јас се надевам дека во понеделник ќе дојдете сите координатори и ќе разговараме на оваа тема. Јас сум убеден дека можеме да најдеме решение. Нема проблем кој не може да се реши. Затоа мислам дека сите опции се отворени да продолжиме со оваа седница, истакна Гаши.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски смета дека настанал преседан со кој не се одржале пратеничките прашања на опозицијата, но и преседан за правото пратеничките групи да можат да побараат процедурално или пауза и тоа да се смета како дел од течење на времето за опозициски пратенички прашања.

– Мислам дека тоа е целосно изигрување на деловникот и на сè тоа она што било воспоставено како пракса во законодавниот дом, истакна Спасовски и побара да се прекине 129. седница и во понеделник на координација да се договорат за одржување на седницата за пратенички прашања од опозицијата.

И Борислав Крмов од Левица побара да се прекине седницата и да продолжат во понеделник по координацијата на пратеничките групи.

– Во ред е да разговараме на координација, но во суштина нема што и да се разговара. Ова мислам дека е единствен случај во светот каде времето тече за време на пауза. И со тоа бидејќи имаме три субјекти во мнозинството, тоа се три часа пауза, нема институт кој што постои во деловникот, кој зависи од волјата на мнозинството. Такво нешто не може, рече Крмов.

Пратениците на ДУИ и Алијанса за Албанците процедурално реагираа во рамките на 129. седница прво да се разгледа точката 6, во која е предвложен закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и за спроведување на заеднички активности за гранична контрола.

Пратеничката на ДУИ Рина Ајдари му забележа на претседателот на Собранието Гаши за прескокнувањето на таа точка и преминувањето на точката 12 во која е предвидено разгледување закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.