Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Расте бројот на предвреме родените бебиња, контролираната бременост го намалува ризикот

„Предвреме роденото бебе не е исто што и навреме роденото. Тоа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Предвреме роденото бебе не е исто што и навреме роденото. Тоа со месеци може да биде во инкубатор, а по доаѓањето дома, мајката најпрвин треба да го научи да не јаде преку сонда.“ Ова е само еден од предизвиците со кои се соочуваат мајките на овие мали борци. Како што велат, предизвиците се многубројни, поради што им е потребна поголема и континуирана поддршка од сите, како и продолжување на породилното отсуство.

„Државата и работодавачите навистина би можеле да сменат и да поддржат некаква промена на законот, за бебињата кои остануваат долго во инкубатор, и ние секогаш инсистираме тие мајки да останат подолго дома, бидејќи тие мајки се враќаат без бебе… Детето може да се врати кога мајката треба да оди на работа, значи девет месеци да лежи во инкубатор… Кога нормалните дечиња проодуваат, ние, мајките на прерано родени деца, ги учиме да јадат без сонда“, изјави Данче Оклеска – Илиоски, мајка на предвреме родено бебе.

Причините за сè поголемиот број предвреме родени деца може да бидат различни — од бурниот модерен живот, преку подоцнежното станување мајка, па сè до неконтролираните бремености, посочуваат од прилепската болница. Од вкупно 400 до 500 новородени деца годишно, околу 30 до 40 се раѓаат предвреме.

Реклама

„Првин бурниот живот, понатаму имаме проблем од страна на мајката, болести, па можеби и неконтролирани бремености, без разлика од какви причини. Јасно, и проблеми од детето — може да има некои аномалии, инфекции. Причините се многубројни. Се трудиме да се превенираат со колегите гинеколози-акушери, а понатаму ние да ги згрижуваме, лекуваме и следиме“, изјави д-р Лилјана Христоска, неонатолог-педијатар во прилепската болница.

Неонатолошкото одделение во прилепската болница може да се носи со овие предизвици, и кадровски и со постојната опрема. Сепак, набавката на нови апарати секогаш е добредојдена, велат од одделението. Затоа донациите од општествено-одговорните компании, организации и здруженија се од големо значење.

„Оваа година донираме апарат ‘пациент-монитор’, кој е наменет за најмалите, најхрабрите борци — предвреме родените дечиња. Служи за следење на виталните параметри на новороденчињата“, истакна Билјана Кузманоска, пратеничка и претседателка на УЖ ВМРО–ДПМНЕ, Прилеп.

Смртноста кај предвреме родените деца е значително поголема во однос на доносените, поради што стручниот медицински надзор, особено во првата година од животот, е од исклучителна важност.