Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Прилози

Расте бројот на пријави за семејно насилство, но мнозинството жртви сè уште молчат

По трагедијата во скопско Тафталиџе, жртвите на семејно насилство се охрабрија да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По трагедијата во скопско Тафталиџе, жртвите на семејно насилство се охрабрија да пријавуваат. Во Женскиот центар за поддршка од Скопје, деновите по несреќата им стигнале повеќе пријави од вообичаеното. Главниот проблем зошто жените трпат насилство, од Центарот го лоцираат во недостигот на пари и нерешеното станбено прашање. Семејното насилство остава трајни последици и секогаш подобро е да се превенира и пријави навреме, за да не се случат фатални настани, предупредуваат невладините организации. Од Центарот апелираат до жртвите да не трпат, туку да пријават во полиција, во Центарот за социјална работа или кај нив.

„Сите оние кои се соочуваат со семејно насилство или пак сакаат да се информираат за облиците на семејно насилство, или едноставно им е потребна психолошка помош и поддршка, можат да нè контактираат во Женскиот центар на телефонскиот број 075 255 154“, изјави Моника Чекаловиќ – Женски центар за поддршка Скопје.

Насилството зад затворени врати рапидно расте изминативе години. Според МВР, само лани имало 1700 пријави за семејно насилство. Расте и бројот на притвори. И Министерството за труд и социјална политика потврдува дека има голем број жртви. Од 1754, 1260 се жени, мажи се 257, а децата како секундарни жртви се 228.

Реклама

Од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство апелираат за посилна превенција и побрзи судски одлуки.

„Бројките се големи. Официјалните статистики покажуваат дека од 2018 наваму имаме постојано зголемување на бројот на пријави и согласно на сите наши истражувања што ги имаме, бројот на пријави за семејно насилство во Македонија е само 2 проценти. Така што сивата бројка на непријавени случаи е огромна и за тоа треба да се ангажираме сите, не само во полето на заштитата, туку и во полето на превенцијата“, изјави Ана Аврамовска – Национална мрежа против насилство врз жени.

Свесноста на жртвите расте, а исто така жените сè повеќе се запознаваат со своите права и со различните видови на насилство. Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција и се обврза да спроведе превенција и заштита на жртвите, а исто така и кривичното дело демнење се криминализираше. Со последните измени на Кривичниот законик, кривичната постапка повеќе не зависи од волјата на жртвата, туку се спроведува по службена должност. Сето ова придонесе жените сè повеќе да се запознаат со оваа проблематика и да можат да го препознаат насилството во домовите.

Во Македонија има вкупно десет засолништа или кризни центри за жртви од семејно насилство и истите функционираат, велат од Министерството за труд и социјална политика. На жртвите таму им се обезбедува згрижување, заштита, психосоцијална поддршка и советување. Исто така се остварува придружба до релевантни институции каде што жртвата има потреба.