Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Вицепремиерот Сали, заедно со претседателот на Владата и владината делегација, присуствуваше на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Њујорк, заедно со претседателот на Владата и владината делегација, присуствуваше на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Генералната дебата започна во 10:00 часот по локално време и ги собра шефовите на држави, високите претставници на владите и меѓународните организации од целиот свет.

Учеството на овој значаен меѓународен форум, како што посочуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања, претставува можност за афирмирање на приоритетите на Македонија, зајакнување на меѓународните партнерства и промовирање на дијалогот, соработката и мултилатерализмот.

Реклама

За време на престојот во Соединетите Американски Држави, министерот Сали ќе учествува на средби и активности со претставници на меѓународните институции и со партнерите на земјата, со фокус на европската перспектива на Македонија, регионалната соработка, одржливиот развој и создавањето подобри можности за идните генерации.