Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Уште еден теснец под закана од блокада, нова опасност за уште поголем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден теснец под закана од блокада, нова опасност за уште поголем раст на цените на нафтата демне на Блискиот Исток. Хутите,  кои се екстремистичка, анти-ционистичка и највооружена организација во Јемен, во рок од 18 часа го освоија целиот негов брег. Оваа група, која важи за блиска до Иран, ги напаѓаше бродовите кои пловеа низ Црвеното море на пат до Израел, но сега, по најновиот развој се уште подраматична закана за бродовите кои пловат низ овој дел од теснецот кој важи за алтернатива на Ормускиот. Во еден момент таму поминуваа и по 7 милиони барели дневно но во последниот месец протокот на нафта значително се намали, на околу 400.000 барели дневно.

„Спремни бевме и за внатрешен конфликт со кои било платеници поврзани со Саудиска Арабија. Спремни сме дури и за интернационален фронт доколку која било нација се придружи на агресијата врз Јемен заедно со Саудиска Арабија“, изјави претставник на Хутите

Аналитичарите веќе предупредуваат дека доколку дојде до целосна војна и блокади и во овој регион цената на нафтата би можела да се искачи и над 120 долари за барел, односно да настане глобална катастрофа. Голдман Сакс прогнозира можен раст до 120 долари за барел додека Банката на Америка очекува опсег од 95 до 125 долари до крајот на годината. 

Реклама

Од почетокот на војната со Иран, теснецот Баб ел мандеб стануваше се поважен за светската трговија со нафта. Саудијците максимално ги зголемија капацитетите на нафтениот цевковод до нивното главно извозно пристаниште кое потоа води до Црвеното море, Суецкиот Канал преку Медитеранот до Европа и Атлантикот.

Саудиска Арабија која ја поддржува моменталната влада на Јемен, покрај тоа што активно воено ги напаѓа Хутите, побара помош и од САД кои засега понудија само разузнувачка, но не и воена помош. Последните успеси на Хутите, кои се во алијанса со Иран аналитичарите ги нарекуваат како најзначајниот регионален развој откако САД и Израел му објавија војна на Техеран. Во суштина, во моментов Иранците заземаат контрола врз уште еден теснец. Претходно тие освоија и клучен остров кој се наоѓа среде теснецот делејќи го на два пловни канали, заедно со тоа тие практично имаат целосна контрола врз јеменскиот дел од теснецот.