Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Метал без кој денес не може да се замислат делови од современата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Метал без кој денес не може да се замислат делови од современата индустрија, но и одбранбената технологија. Се користи за изработка на легури, батерии, стакло, керамика, пластика, гумени производи, сопирачки и системи за заштита од пожар, муниција. Антимонот е редок метал, а неговото значење во светски рамки, расте поради се почестата примена. Рудата од кривопаланечко беше една од најсилните економски карти што Македонија ја однесе во Вашингтон како дел од понудата за стратешкиот дијалог со САД. Цената на светскиот пазар е висока, па од рудници во Кина, Русија и САД, меѓу една од ретките држави што го има овој ресурс е и Македонија.

„Антимонот се употребува во металургијата, во воена индустрија и е редок метал кој е ценет на пазарот. Антимонот е редок метал и среќа што го има кај нас. Антимонот е скап, цената е 15-20 илјади долари по тон, но многу е рано да одлучиме и да кажеме каков рудник ке се отвори се зависи од истражувањата.“- вели рударскиот инжинер Николајчо Николов.

За Македонија, потенцијалното наоѓалиште на антимон кое се уште не е доистражено, може да има и економско и стратешко значење.  За откривање на реалниот потенцијал на македонскиот рудник кај крива Паланка, геолозите предлагаат дополнителни истражувања, па затоа ја поздравуваат соработката на Македонија со САД кои ќе го финансиираат истражувањето. Целта е да се утврди количината и концентрацијата на антимонот, но и составот на рудата, а особено присуството на арсен.

Реклама

„Добро е што компанијата ДФЦ има издовено околу 5 милиони евра за дополнителни истражувања, треба околу 25 илјади метри да се направат за да се утврди што е со нашиот антимон. Од таму се вадеше и руда со големи количини на арсен, мора и на тоа да се обрне внимание, наоѓалиштата со антимон најчесто се пратени со арсен и тоа може да биде кочница. Добро е што се превземаат конкретни чекори но треба да се истрае.“- вели Николов.

Планот на Владата е металот да се експлоатира тука, да се извезува во САД, а потоа да се преработува во Оклахома. Американската Меѓународна финансиска развојна корпорација (ДФЦ) во април годинава објави дека склучила договор со „Пела глобал“ за развој на проектот за обновување на рудникот и постројката за преработка. Договорот предвидува до пет милиони долари за развојно финансирање.