Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар, голема можност

Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во разговорот насловен „Искуство на македонска Blue-Chip компанија“, модериран од Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје. Разговорот отвори повеќе теми поврзани со развојот на компаниите, улогата на пазарот на капитал, значењето на транспарентноста и можностите за раст и интернационализација.

„Континуираниот раст подразбира предизвици, приспособувања и внимателно пресметани одлуки засновани на веродостојни податоци. Фармацевтската индустрија е една од најдинамичните и најстрого регулираните, па зад секоја одлука стојат сериозни анализи и јасна визија. За нас отсекогаш било најважно трендот на раст да биде стабилен, здрав и одржлив“, истакна Мукаетов.

Како примери за долгорочни стратешки одлуки што ги донел или во чие донесување учествувал во текот на својата 27-годишна кариера во компанијата, Мукаетов ги наведе изборот на британската Medicines and Healthcare products Regulatory Agency за референтна агенција во 2007 година и добивањето на првата маркетиншка авторизација за пазарите во ЕУ, дигиталната трансформација со воведувањето на САП, инвестициите во истражување и развој, како и отворањето на „Алкалоид ИНТ“ во Љубљана како хаб за Европската Унија. Меѓу значајните развојни чекори ја посочи и одлуката да се инвестира во производство на цефалоспорини наспроти беталактами, благодарение на која „Алкалоид“ денес е најголем производител на цефалоспорини во Европа и во Евроазија според обемот на производството.

Реклама

Говорејќи за актуелното работење, Мукаетов посочи дека и покрај сложеното глобално економско опкружување, резултатите на „Алкалоид“ и во 2026 година бележат раст. Компанијата над 60 % од своите пласмани реализира на странските пазари, а очекува годината да ја заврши со консолидирани пласмани меѓу 355 и 360 милиони евра, наспроти 339,3 милиони евра во 2025 година. Од 2006 година наваму консолидираните пласмани на „Алкалоид“ се зголемени речиси седумкратно.

Меѓународната експанзија останува еден од клучните столбови на долгорочната стратегија на „Алкалоид“, кој денес има 27 подружници надвор од Македонија и пласира производи на повеќе од 50 пазари во светот. Плановите се насочени кон натамошно проширување на теренското присуство со отворање нова подружница во Полска до крајот на годинава, додека меѓу пазарите од потенцијален интерес за следните години се Узбекистан, Јужна Америка и регионот ЛАТАМ.

Посебен акцент во специјалниот говор беше ставен и врз трансформациите во фармацевтската индустрија, инвестициите во истражување и развој, производите со додадена вредност и примената на вештачката интелигенција. Мукаетов нагласи дека „Алкалоид“ веќе применува решенија базирани на вештачката интелигенција во повеќе сегменти од работењето, со цел создавање нова вредност, развој на производи и услуги и подобрување на ефикасноста.

„Стратегијата ја градиме таму каде што имаме знаење и можност да создадеме додадена вредност. Не мора да бидете најголеми за да бидете иновативни. Важно е навреме да препознаете каде можете да направите разлика“, порача Мукаетов.

„Алкалоид“ е присутен на Македонската берза уште од нејзиното формирање во 1996 година, додека котацијата на првиот официјален пазар се случила на 13 ноември 2002 година. Котирањето донело повисоки стандарди на транспарентност и редовно објавување финансиски и деловни информации, а со тоа и поголема одговорност спрема акционерите, инвеститорите и јавноста.