Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Распишувањето на локалните избори се очекува во последната недела од Јули или на почетокот на Август

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите информираше дека…

Сподели:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите информираше дека локалните избори треба да се распишат кон крајот на Јули или почетокот на Август.

Тој исто така објави дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието за предложените измени на Законот за локална самоуправа, кои Министерството за локална самоуправа најавува веќе одреден период.

Гаши ја најави и интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, која ќе се разгледува на следната пленарна седница, закажана за 29 април. Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Левица, а причината за неа е, според нив, грубо занемарување и нестручно извршување на јавната функција од страна на Тошковски, што довело до низа противзаконски дејства и скандали во МВР.

Реклама

Како што истакна пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, оваа интерпелација следува по наводните кадрови поместувања и несоодветни постапки од страна на министерот за внатрешни работи, кои, според Левица, се причина за сериозни неправилности во Министерството.