Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Протестни писма до европските институции: Македонците во Германија во дипломатска офанзива против бугарската иницијатива

Централниот совет на Македонците во Германија презеде координирана дипломатско-политичка акција по најновата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централниот совет на Македонците во Германија презеде координирана дипломатско-политичка акција по најновата иницијатива во бугарското Собрание, која, според организацијата, претставува обид за негирање на македонскиот јазик и македонската нација. Управниот одбор на Советот испратил формални протестни писма до Бугарската амбасада во Германија, германското Министерство за надворешни работи, Комитетот за човекови права на Бундестагот, како и до европските институции.

Од Централниот совет велат дека со ова реагираат на, како што оценуваат, „отворен прекршок на европските вредности“ и бараат институциите да се произнесат за најновите случувања во Бугарија.

„Централниот совет за овие чекори официјално ги извести и Амбасадата на Република Македонија во Берлин, како и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје“, се наведува во соопштението.

Реклама

Според организацијата, целта на дипломатската акција е да се постигне целосна координација со македонските институции и да се заштитат националните интереси во услови на, како што велат, засилени обиди за оспорување на македонскиот национален и јазичен идентитет.