Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Економија

Протест на независниот синдикат на полицијата

Итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик, се дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик, се дел од барањата на Независниот синдикат на полицијата.  Тие денеска протестираа во Штип. Велат, излегуваат на улица, бидејќи повеќе не се чувствуваат безбедно. Бараат да им се зголемат овластувањата, а казната за напад врз службено лице да се зголеми на минимум 5 години..

   “Овој синдикат е препознатлив по улиците кои ни се  единствено место од каде ги бараме на нашите права,бидејќи осум години жолтиот синдикат кој е врзан со министерот и со власта е слеп послушник и ги слуша насоките  на власта. На тој начин им се нанесува лошо и на полицајците и на државата, изјави Гоце Делчев-Тодев, претседател на независниот синдикат.

Реклама

Поддршка добија и од Синдикатот на затворската полиција, од каде велат дека со секое одење на работа, стравуваат за сопствениот живот. Се поголем е бројот на затворски полицајци кои ја напуштаат професијата и заминуваат да работат  во маркети, објаснуваат од синдикатот

  “Има се закануваат на колеги, на нивните фамилии, на деца. Во моментот состојбата на полицајците е многу лоша. Имаме ниски плати, а ризична професија. Работиме со осуденици кои се и доживотно“ изјавиТихомир Ивков-Синдикат на затворска полиција.

Освен Штип, вакви протести во текот на наредниот период ќе бидат организирани во Струмица и Куманово. 

Александра Ристевска