Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Буџетот стабилно расте.  Бележи значително подобрување во споредба со истиот период претходната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот стабилно расте.  Бележи значително подобрување во споредба со истиот период претходната година велат од министерството за финанции. Најголем раст има кај капиталните расходи односно 39,6% а сите податоци се транспарентно објавени на нивната веб страница. Но позитивниот извештај од министерството не помина без критики од СДСМ. Тврдат дека долговите се зголемуваат, на што министерството одговори дека се оди по план:

„Издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието.“, соопштија од Министерство за финансии

Според опозицијата државата излегла на берза со нови обврзници од 41 милион евра и ја обвинуваат власта за „бајковита економија“.

Реклама

„За две години Мицкоски нè задолжи за повеќе од 2,5 милијарди евра. Ова историјата не го памети.Ова е класичен модел на Мицкоски“, соопштија од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека од 2024 до денес нивото на јавниот долг стабилно опаѓа, и дека бројките сосем јасно го покажуваат напредокот.

„На крајот на вториот квартал од оваа година тој изнесува 58,8% од БДП, додека во првиот квартал беше на ниво од 58,9% од БДП, на крајот на 2024 нивото беше 61,4% од БДП и на крајот на 2025 година  59,4% од БДП“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Според податоците од финасии, приходите заклучно со 31 јули се 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и се пораснати за 9,3% повеќе од истиот период ланската година. Приходите од даноци, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%. Значителен раст има и кај данокот на добивка кој моментално изнесува 62,8% и бележи раст од 20,6% во споредба со лани.