Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Прилози

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Мајчиниот јазик и оваа година им беше посилна страна на матурантите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајчиниот јазик и оваа година им беше посилна страна на матурантите од англискиот. Првата матура организирана според новите правила заврши со просечна оценка 3,66. Министерството за образование заедно со Државниот испитен центар се задоволни од овој просек, што е речиси на исто ниво со ланскиот. Дел од учениците наместо диплома ќе добијат нов термин за полагање, а борбата против препишувањето резултираше со 226 поништени тестови.

Одделно бидејќи како што реков за прв пат имаме три различни типа на матура, просекот на државната матура е 3,62, просекот од стручната е 3,91 а просекот на уметничката 3,59. Овие резултати ќе бидат компарирани од идната година. Задоволна сум од оценката затоа што сметам дека таа е приближно реална, сеуште имаме отстранети од матура, препишале, веројатно некој сеуште се снаоѓа, но процесот го зајакнуваме.“- вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ако се споредуваат просечните оценки по одделните предмети со минатогодишните може да се забележи континуитет во успехот. Но, значително е подобрувањето, споредено со 2024 година. Оваа година, матурантите постигнале многу добар успех по мајчин јазик во сите три матури со просек од 3,93, потоа англиски 3,31 а по математика успехот е солиден со просек 4,20.

Реклама

„Во делот на мајчините јазици кај државната матура успехот е 3,95 , математика имаме 4,30 што значи многу добар успех има математика и мајчин јазик, англиски јазик имаме добар успех 3,18. Средната оценка за државна стручна матура ни е 3,91. И во делот на мајчините јазици имаме 3,85, математика 3,55 и англиски многу добар успех 4,01.“– вели директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска Михајловска.

Инаку оваа година за прв пат средношколците имаа можност да бидаат помеѓу три типа на матура. Од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 биле пријавени за државна матура, 2.276 за државна стручна матура, а 127 ученици за државна уметничка матура. На полагањето не се појавиле 348 пријавени ученици. Оние кои не го положиле испитот во јунската сесија ќе добијат нова шанса во август и тоа на 8 локации во 4 градови – Скопје, Тетово, Прилеп и Штип.