Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пронајдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата во Копаница, Скопско, покрај неа пиштолот на сопругот

Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во Скопско,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во Скопско, покрај неа пронајден е и пиштолот на нејзиниот сопруг, информираа денеска од Јавното обвинителство. 

– Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на самото место во село Копаница, Скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот – соопштија од Обвинителството. 

Покрај телото бил  пронајден пиштол „глог 19“, сопственост на нејзиниот сопруг. 

Реклама

– Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик – споделија од Обвинителството. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка била прифатена од Судот.

Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат, за целосно расчистување на настанот.