Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

Промовирани нови 496 полициски службеници

Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик што бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка

Ова го порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промовирањето на 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025-2026 во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово. 

Реклама

Македонија има најнизок криминалитет во последните 20 години, што е резултат на посветена работа на секој полициски службеник, но и на реформите, модернизацијата и професионализацијата што континуирано ги спроведуваме. Тоа е потврда дека кога се инвестира во луѓето, во знаењето и во институциите, резултатите не изостануваат“, вели Тошкоски.

Ова е првата генерација на која е спроведен новиот модел на наменска основна обука, поделена на три специјализирани модули: општа надлежност и сообраќај, гранични работи и специјални полициски операции.

Најважната лекција што требаше да ја научите не беше како да примените одредена полициска техника или процедура. Најважната лекција беше дека полицискиот службеник секогаш мора да биде човек со интегритет. Знаењето може постојано да се надградува, вештините можат да се усовршуваат, но чесноста, одговорноста и чувството за правда се вредности што треба да ве водат во секој миг од вашата кариера“, изјави Влатко Митковски, помошник-министер на Полициската академија

Од оваа година повторно е активно и средното полициско училиште, од каде во иднина се очекува да се обезбедува професионалниот кадар на припадниците на полициските сили.