Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Промоција на книгата „Има така некои денови“ на Елка Јачева-Улчар

„Ти, убавино! Ти, Македонијо!“, „Македонија“, „Бесмисленост“, „Пеперуга“. Ова се дел од насловите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ти, убавино! Ти, Македонијо!“, „Македонија“, „Бесмисленост“, „Пеперуга“. Ова се дел од насловите во „Има така некои денови“, новата стихозбирка на проферсорката и македонистка Елка Јачева – Улчар. Поемите се посветени на татковината, на домот, на семејството, на блиските.

„Тоа се песни напишани во еден подолг период, од кој наголемиот циклус е настанат минатата година во летниот период. Во нив има застапено главно се работи за интимна лирика и провејува љубовта и кон татковината и кон најблиските… Во часови така во одмор, особено кога работам нешто сериозно, тогаш веројатно ми е така мозокот предодреден, па во тие мигови на одмор ми се раѓаа песните“ вели Елка Јачева – Улчар, автор на делото

Ова поетско дело ќе ја доживее својата промоција вечерва, а покрај литературно читање ќе има и музички дел.

Реклама

„Вечерва ќе биде промоцијата во 19:30 часот во Музејот на Македонската револуционерна борба, стихови ќе чита нашата актерка Ирена Илиевска… Како промотор се јавува Деканот на Филолошкиот факултет проф. д-р Владимир Мартиновски, а збор ќе земе се разбира и издавачот на издавачката куќа СИВЕЈА Тихомир Јанчевски“ вели Елка Јачева – Улчар, автор на делото

Насловната страница на стихозбирката е илустрирана со сликата на Трајче Чатмов наречена „Прегратка“. Професорката Елка Јачева – Улчар е автор и на повеќе научни трудови, а е и добитник на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2023 година.

Давид Крстевски