Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пролетна крводарителска акција во Општина Карпош

Општина Карпош, во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Општинска организација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош, во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Општинска организација на Црвен Крст-Карпош, денеска ја спроведува редовната крводарителска акција, која во Карпош се одвива два пати годишно. Акцијата започна утрово во 9 часот, а веќе до 12 часот, дарувани се над 52 крвни единици, од страна на административните работници, граѓаните, вработените од приватните сектори, како и вработени во градинките и училиштата, информираат од Општината.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски ја поздравил оваа хумана акција и ги повикал сите искусни дарители да не ја испушат можноста повторно да даруваат, бидејќи капка крв значи живот.

-Одѕивот на граѓаните воопшто не е изненадувачки, бидејќи Општина Карпош е водечка општина по дарување крв. Крводарителските акции започнуваат од 2001 година, а посебно го поддржувам чекорот на младите кои се почесто се дарители. Дарувањето крв претставува чин на хуманост и грижа за другите. Како градоначалник секогаш ќе ги поддржувам иницијативите што ја поттикнуваат заедничката одговорност и ќе покажат дека сме дел од една заедница која помага кога е најпотребно. Би сакал да апелирам и да ги повикам сите граѓани да се приклучат кон денешната крводарителска акција и да дадат свој придонес, истакнал Лукровски.

Реклама

Претставник од општинската организација Црвен крст, Билјана Костова додала дека долги години Црвениот крст соработува со Општина Карпош.

-Би сакала да напоменам дека правиме редовни традиционални крводарителски акции. Соработката со Карпош продолжува и особено ни е драго што имаме рекордни бројки во дарување крв, истакнала таа.

Од Општина велат дека Карпош е сеуште на врвот во најголем број собрани крвни единици, меѓу сите општини во државава. Во таа насока, Општина Карпош ги повикува сите граѓани, кои се во добра здравствена состојба да учествуваат во денешната крводарителска акција.