Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Проф. д-р Стојковски: Двојно зголемен буџетoт на Онкологија, во оптек седум нови лека

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски истакнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски истакнува дека двојно зголемен е условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови oдносно за биолошка терапија.

Посочува дека со последниот буџет е обезбедена достапност и на седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата. Некои од овие лекови, потенцира, се достапни во Македонија и пред да бидат достапни во земјите од нашето соседство, така што сме сигурни дека пациентите се третираат со најсовремена иновативна терапија според современите светските протоколи за третман.

– При крај е административната постапка за поставување група на лекови, инхибитори на ароматазата (анастрозол и летрозол), на позитивната листа А – така што очекуваме наскоро дека оваа група на лекови ќе може да се издава на рецепт во аптеките во местото на живеење на пациентите, нагласува проф.д-р Стојковски.

Реклама

Во врска со кадровскиот капацитет, вели дека пред неколку недели на Клиниката се примени четири приватни специјализанти (два специјализанти од областа на радиотерапија и онкологија и два од областа на патологијата) и по подолго време кадровски се зајакнал капацитетот на Клиниката.

– Клиниката има потреба од зголемување на персоналот од сите профили и тоа медицински сестри, радиолошки технолози, медицински физичари, болничари, административен кадар итн. Активно работиме и на реконструкција на одредени делови од Клиниката, со план некои од амбулантите и биохемиската лабораторија да бидат префрлени во пофункционални простории каде нема да се создава голема гужва, нагласува директорот на Клиниката, проф.д-р Стојковски Игор.