Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Прилози

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Пред медиумите се претставува како голем борец за работничките права, но пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред медиумите се претставува како голем борец за работничките права, но пред вработените сликата е поинаква. Првиот човек на ССМ, Трендафилов, им поделил откази на седуммина вработени, а четворица се суспендирани. На денот кога Сојузот на синдикатите одбележува 80 години постоење, дел од вработените го обвинија првиот синдикалец дека ги понижувал и вршел мобинг врз нив.

ССМ нелегитимниот синдикалец Трендафилов го претвори домот во Капела. Ме избрка, избрка 7 души, 4 се суспендирани. А замислете се бори за човекови права. Пушташе плата по 3000 денари, а велеше по медиуми кој ќе дава под минималец ќе одговара кривично. А што е ова, во неделата двапати по 3000 денари. Дали се тоа пари. А се бори за работнички права. А замислете тој е претседател на ССМ, претседател на трговија, генерален секретар на градежници, и по одбори, има преку 200.000 300.000 денари, располага со кола, тој ужива како лорд“, изјави Љупчо Димовски.

Благица Стојчевиќ која била вработена во архивата на Синдикатот пак тврди дека во последниот период, пред да биде суспендирана Трендафилов намерно и давал тешки работни задачи и ја изложувал на притисок.

Реклама

До денеска сум на боледување, пуштив по пошта барање за отказно решение, во кое барам да ми дадат да си го искористам во целост. Претседателот не не смета за човек,  никогаш не одговара на моите прашања, не ме ни поздравува. Се чувствувам дискриминирано понижено како жена. Ми дава тешки работни задачи од типот на кревање тешки работи преселби од една канцеларија во друга, сето тоа врз мојот грб. Пријавено е за мобинг, секаде сум пријавила ќе отпочнам постапка ќе побарам да ми биде одобрено решение за отказ, со тоа што барам да си го искористам одморот во целост. Тука веќе не сакам да се вратам на работа“, изјави Благица Стојчевиќ.

Оние кои јавно проговорија за состоијбите во Синдикатот се сомневаат дека Трендафилов  има направено голем број малверзац ии во работењето со буџетот. Тврдат дека пред неговото доаѓање на функцијата, на сметката имало околу 600.000 денари, додека денес средствата биле речиси целосно потрошени. И токму во снемувањето на парите од буџетот ја гледаат главната причина за отказите.

Дел од вработените предупредуваат и дека во подрумот на зградата има складирано мазут, што според нив претставува сериозна опасност и отвора прашање дали се преземени сите мерки за безбедност, и дека многу лесно може да се повтори трагедијата со изгорената дискотека во Кочани. За сериозните обвинувања, побаравме одговор од првиот синдикалец Трендафилов. Но засега тој нема никаков став.