Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

До 15% поефтин училишен прибор во сите книжарници во пресрет на почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 15% поефтин училишен прибор во сите книжарници во пресрет на почетокот на учебната година. Нацрт одлуката за училишната кошничка е готова, а во вторник треба да се усвои на владина седница. Во консултации со трговците на мало и на големо државата и оваа година ќе им помага на родителите да заштедат на основните потреби. Моливите, ранците, гуми, тератки, хамери, шестари, калкулатори, боици, острилки ќе бидат јасно обележани, а попустот до 15 проценти кој важи за секој обележан производ ќе се пресметува на каса.

Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15% попуст , а составот и крајната цена на кошничката ќе се разликува од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.

Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена.“- велат од Министерството за економија и труд.

Реклама

Во вторник се очекува да биде донесена одлука со која би се опфатиле најпотребните производи за почетокот на учебната година, со намалени цени. Оваа мерка се применуваше и во изминатите две години.

На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците.“- вели премиерот Христијан Мицкоски.

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека во моментов без попустот за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче. Ранците сега се продаваат од илјада до четири или пет илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 650, гумите 15 до 100, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Најефтините боички чинат 45 денари, додека најскапите се по 250 денари. Готови комплети од ранец, несесер и торба за ужина се продаваат по 3000 денари.