Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Грозданов: Кочани се менува со одговорно работење – реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“, изградба на дом за стари лица и поддршка на студентите и младите спортисти

Кога ја презедов должноста градоначалник на Кочани, знаев дека пред нас има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога ја презедов должноста градоначалник на Кочани, знаев дека пред нас има тешка и макотрпна работа. Градот го затекнав во еден од најтешките периоди во својата историја, со силни очекувања за промени, напредок и побезбеден живот, но и со болка, загуба и револт што не можат да се измерат со ниту еден отчет. Затоа, секој ден од мандатот го гледам како обврска да бидеме достапни за граѓаните, да ги решаваме нивните проблеми и да создаваме услови за подобар живот – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на градоначалникот на Кочани Владко Грозданов.

Во изминатите 11 месеци работевме на решавање на конкретни потреби на придвижување на  проекти што Кочани одамна ги очекува. Дел од нив се завршени, а дел се во тек. Пред вас ги претставувам најзначајните активности и постигнати резултати.

На булеварот „Теодосија Паунов“, кој е во должина од 1.040 метри, се изведени атмосферската канализација, тротоарот, велосипедската патека, а поставен е завршниот асфалтен слој во една коловозна лента. Инвестиција која изнесува 88 милиони денари, од кои Министерството за транспорт обезбеди 85 милиони денари, а Општина Кочани околу 3,5 милиони денари. За изградба на атмосферската канализација на истиот потег, Владата одобри дополнителни 62 милиони денари.

Реклама

Поставивме камен-темелник за изградба на домот за стари лица во Кочани. Склучен е договор во вредност од околу 247 милиони денари, со државна поддршка од 200 милиони денари и учество на Општина Кочани од околу 47 милиони денари.

Со поддршка на Владата напредува и изградбата на мостот помеѓу улиците „Вера Которка“ и „Лазар Андонов“. Испитана е носивоста на коловите, а во тек е армирањето и бетонирањето на столбовите, каде според планираната динамика, следува бетонирање на мостовската плоча.

На влезот во Кочани од правец кон Грдовци се подготвува изградбата на Јужниот булевар, со должина од околу 900 метри во четири коловозни ленти. Министерството за транспорт склучи договор во вредност од околу 117 милиони денари, каде се извршени  подготвителните работи, а за продолжување на изградбата потребно е да се премести постојната електроенергетска мрежа.

Значаен зафат во водоводната инфраструктура е изградбата на дел од потисниот цевковод од Филтер-станицата кон подрачјето на Турските гробишта, за што Владата на РМ одобри 60 милиони денари преку Министерството за транспорт и во тек е интензивно извршување на истиот проект.

Ја завршивме и реконструкцијата на улицата „Бел камен“, со нов коловоз, нови тротоари и обновена водоводна и атмосферска мрежа. Обезбедени се околу 10 милиони денари од Владата преку заем од Светска банка и 700 илјади денари од Буџетот на Општина Кочани.

Со средства од општинскиот буџет ги асфалтиравме улиците „8“ и „11“ во Долни Подлог, „Маршал Тито“ и „Гоце Делчев“ во село Прибачево, а во тек се работни активности на улиците „Боро Ловџија“ и „Јане Сандански“, а следуваат и активности на  улиците „Искра“ како и на улицата „Илинденска“ во Кочани. Овие зафати се обезбедени од општинскиот буџет во вредност од 8 милиони денари.

Ја асфалтиравме и улицата „Мите Стојчев“ во Тркање во должина од 570 метри, со вложување од 4 милиони денари од општинскиот буџет.

На повеќе локации изградивме тротоари, потпорни ѕидови и уредивме дел од пристапните улици и патеки. На преостанатите локации работите продолжуваат.

Во тек е реконструкција на  крак од улицата „Генерал Апостолски“, со вредност од околу 2 и пол милиони денари, каде се обезбедени средства  со подеднакво учество на Општина Кочани и Бирото за регионален развој. Отпочнувањето на работните активности се планира до крај на месец октомври.

Исто така ја изградивме и водоводната линија на улицата „563“, над каналот во зоната на Лесна индустрија.

Обезбедивме грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и главниот доводен цевковод за геотермалната вода од геотермален систем.

Во соработка со КЈП саниравме сериозни дефекти на водоводната и канализационата мрежа, ги очистивме бунарите во Грдовски Орман каде обезбедуваме посигурно водоснабдување. Комуналните екипи продолжуваат со редовно одржување на јавната хигиена на расчистувањето на дивите депонии, вклучително и на оние кои со години беа запоставени.

Со донација од Република Чешка, вредна околу 8 милиони денари, територијалната противпожарна единица доби ново противпожарно возило, со што се зајакнуваат капацитетите за интервенција при пожари и други вонредни состојби.

За Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница во Кочани, потпишавме договор за поддршка со Република Полска, во вредност од 48 илјади евра, наменети за набавка на медицинска опрема која ќе ѝ биде предадена на болницата.

Отворивме Центар за услуги во Кочани, каде што граѓаните на едно место ќе имаат пристап до електронски услуги од повеќе институции. Обезбеден е и бесплатен безжичен интернет на јавен простор.

Во Индексот на активна транспарентност за 2026 година Општина Кочани постигна  висок резултат од 98 проценти. Продолжуваме со навремено објавување на документите и информации за работата на Општината.

Во соработка со Црвениот крст на РМ и надлежните институции, услугата помош и нега во домот опфати 50 повозрасни наши сограѓани.

Отворивме Дневен центар за лица со попреченост, обезбедувајќи дополнителна поддршка како за нив така и за нивните семејства.

Изработивме проектна документација за групно домување, со предвидена изградба на седум објекти со по четири станбени единици, како чекор кон обезбедување на достоинствени услови за домување за семејствата од Старата касарна.

Во месец  јануари оваа година започна со работа новиот објект „Детелинки“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“, кој е со капацитет за повеќе од 120 деца.

Исто така ја започнавме и постапката за јавна набавка за реновирање и опремување на централната кујна во објектот кој се вика „Сончогледи“, а е во заедничка соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади ги обезбеди средствата за опремувањето како и општината Кочани каде Министерството ги обезбеди соодветните средства, а Општина Кочани ќе ги финансира градежните работи. Исто така во соработка со Министерството вклучивме и деца Роми во предучилишното образование.

За академската 2025/2026 година доделивме општински стипендии на 31 студент од Кочани, во износ од 4.000 денари месечно во тек на  десет месеци. Ги наградивме и учениците за нивните успеси на натпревари, како и првенците на генерациите од основните и средните училишта, со по 20.000 денари.

Министерството за образование и наука одобри 40 милиони денари за вложувања во училиштата. Предвидени се пет дополнителни училници во ОУ „Никола Карев“, обнова на подот и кровот во СОУ „Гошо Викентиев“ и фотоволтаици во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари. Во тек се потребните постапки за реализација на планираното.

Во населбата Калиманова Глава отворивме детски велодром – простор каде за најмладите ќе можат да го користат за возење велосипед и рекреација, а изграден од донација на Стопанска банка.

За спортските клубови и младите спортисти обезбедивме поддршка во износ од над 7.000.000 денари.

Ја поддржуваме работата на културните установи, библиотеката, локалните творци и здруженијата. Посебно место има манифестацијата „Денови на оризот“, преку која ја негуваме традицијата, по која Кочани е препознатлив.

Почитувани сограѓани, jа одбележавме првата годишнина од трагедијата во која згаснаа 63 животи. Со комеморативна програма, молитва и положување на цвеќе им оддадовме почит на нашите сограѓани што прерано ги загубивме.

Под наслов „Кочани Ви Благодари“ организиравме Ден на благодарноста за сите што несебично се вложија во спасувањето и закрепнување на нашите млади сограѓани. На настанот присуствуваа повеќе од 1.500 гости од земјата и странство, меѓу кои лекари, медицински персонал и лица од различни области кои со денови и ноќи се бореа за спас на секој еден живот. Со културно-уметничка програма, во која настапија и нашите великани Симон Трпчески, Игор Дурловски и други уметници во нивно и  наше име им оддадовме признание на сите што помогнаа.

По повод Петровден беше осветен крст во спомен на прерано починатите во трагедијата. Изграден е со поддршка од Брегалничката епархија и општествено одговорни компании, а Општина Кочани ги обезбеди проектната документација и одобрението за поставување.

Во рамките на Црвениот крст на РМ отворивме Центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка. Одржуваме средби со семејствата на повредените со семејствата  на починатите, помагаме во организирање на потребните прегледи и се грижиме за поддршка на сите деца.  Ова останува наша понатамошна обврска.

Почитувани, изминатиот период завршивме значајни зафати и отворивме услуги што им се достапни на граѓаните. Пред нас се проекти што треба да ги довршиме. Ќе продолжиме транспарентно да информираме за сработеното, за активностите што се во тек и за задачите што ни претстојат.

Им благодарам на Владата на РМ на надлежните министерства, на вработените во Општината Кочани, на  Советот, јавните претпријатија и установите, на донаторите, здруженијата,  на волонтерите и на сите оние кои го даваат својот придонес.

На вам драги сограѓани ви благодарам за довербата, предлозите но благодарам и за критиките. Тие се поттик да работиме уште подобро.

Кочани заслужува посветена работа, одговорно управување и резултати што ќе им служат на граѓаните.

Со таа обврска ќе продолжам да го извршувам мандатот што ми го доверивте и понатаму.