Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

На едно место се гаси, на друго се разгорува нов пламен. Рекордните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На едно место се гаси, на друго се разгорува нов пламен. Рекордните температури си го прават своето, пожарите не стивнуваат. Активни се повеќе од 15 жаришта на отворен простор, од кои четири се големи. Огнената линија на пожарот во Мариово и натаму е најдолга. Според последните информации тој делумно е ставен под контрола.  . Околу Крушевица се направени специјални противпожарни пресеки, кои огнот не би требало да ги помине. На терен се и екипи кои ќе интервенираат доколку огнот се спушти кон селото.

Таму на лице место се наоѓаат сили од локалните пожарникари поддржани од тимовите за брз одговор од ДЗС составени од доброволци од Битола и Кочани и Виница, но воедно имаме и 4 екипи со пинцгауери со специјалните возила, односно огнените тимови на Дирекцијата“, изјави Стојанче Ангелов

Се продолжува со битката и кај Македоснски брод над селото Драгов дол.

Реклама

„Повторно го активирам моделот за шумски пожари на дирекцијата состаовен од 25 доброволни пожарникари од различни места од државата со пет оперативци на Дирекцијата. Модулот работи цел ден на терен како поддршка на професионалните пожарникари на Македонски брод до кој што изразувам голема благодарност бидејќи со денови се немаат прибрано дома и еден пожар е значително намален, но теренот е екстремно негостољубив на некој места не може да се оди пеш, а ниту има ефект ако се дејствува од воздух“, изјави Стојанче Ангелов.

Неколку дена гори и кај  Општина Студеничани, а пожарот почна да се  се шири кон Китка. Тешка е борбата со пламените јазици и кај кумановското село Никуштак. Ветрот го отежнува гаснењето.

„Повторно поради ветерот кој се појави овде, пожарот повторно почна да се шири во два крака. Едниот крак се шири кон манастирот Матејче „Света Богорица“ над Матејче, а вториот крак почна да се враќа кон Никуштак“, изјави Кире Михаилов, заменик-директор на „Национални шуми“

Поради високите температури и исклучително сувата вегетација, надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност. И најмалата искра за кратко време може да прерасне во пожар со сериозни последици.