И официјалано – едниствен виновник што 14 луѓе изгореа живи во тетвоската модуларна болница е само еден обичен продолжен кабел. Скандалозната одлука на обинителството да го амнестира екс-министерот и сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче од било каква вина за една од најголемите трагедии во поновата македоснка историја предзивика бура од реакции од сите страни – политичари, адвокати, интелектуалци и граѓани се гневни што никој нема да одговара за смртта на овие невини луѓе.
Премиерот Мицкоски прстот за оваа сканалозна одлука го впери директно во контроверзнот шеф на обвинителите од Организиран криминал, Ислам амабзи кој е во заминувње. Вели дека Абази веројтано има намера до крај да жси ја плаќа сметката кон минатата власт, која и го постави. Вели ова не е крајот – ова не значи и политичјка амнестија.
„Ова е процес кој трае 5 години. Изминативе години овој случај мобилизираше разни инфоормации. Во модуларната болница гореа живи 14 луѓе. За жал, обвинителот којшто е во заминување претооставувам своите должнички доверителски односи кон претходната влада одлучил да ги испорача до крај, не му значи што живи гореа 14 луѓе, одлучува да го стопира случајот. Ова е не е политичка амнестија, секогаш може да се појават нови детали, може овој процес да стане актуелен и да се почне од почеток, Христијан Мицкоски, премиер на Мкедонија.

Не е само премиерот – гневот од вклвата обвинителска одлука се иструри и од многимина граѓани на социјалните мрежи. Некои дури и досетливо коменртираат дека кабелот бил главниот мафијаш, дфодека пак други иронично велљат дека сега требало некој дури и да им даде ордена на Филипче и Анѓшушев за брзи делуѕвање во услови на криза. Дел од адвокатите пак се согласуваат дека во во одлуката на Агази препознаваат и политика. За нив е чудно што случајот не ни стигна до суд, односно дека обвинтелите не се ободоа ни со обвинене
Единствен кој очекувано ликува на оваа одлука е засеганиот екс-минситер Филипче, кој веројтано ткако му падна камен од душата, сега бара сите да му наведнат5 гклава и да му се извинат.
„„Барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал”, рече Филипче.
За премиерот пак, ваквото ликување е чудно ако се има в пр4едви декља токму оваа опозција предводена од филипче секојдневно мава со дрва и со камења по судството, ама сега кога им одговара одлуката го фалат.
Многупати сум ги коментирал тие одлуки во рамките на нашиот правосуден систем. За жал, и ова е скандалозна одлука,ме збунува тоа што како порака стига од опозицијата. Тие до вчера што ги критикувааа, правосудните органи сега ги фалат и се полни со хвалоспеви за нивната работа и таканаречената објективност. Обвнителот и тие што ги водеа овој случај не најдоа докази за кривично дело за случај вио кој живи гореа 14 луѓе, вели Мицкоски.
Пред 5 години, Обвинителството за организиран криминал отвори предистрага по допрен глас од јавноста. Три обвинителки со години собираа документација и сослушуваа сведоци. Иако предистрагата траеше долго, ниту една обвинителка не најде сомнеж за кривично дело. Напротив, тврдат модуларните болници се набавени и монтирани согласно законски прописи.