Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ѓорѓиев:  ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ

Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија, се наведува во соопштението од изјавата на Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар.

Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци.

Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДСM владеат повеќе од една деценија. За сè што се случува во општината, вклучително и повисоките цени на паркирањето за жителите, вината е кај кадрите на СДСM.

Реклама

Итно бараме, Советот уште на следната седница да му наложи на ПОЦ да го запре легалниот рекет кој го спроведува врз центарци, да го врати стариот ценовник и веднаш да престане да ја навредува интелигенцијата на центарци со оправданија дека „не било до нив“. До вас е!

Почитувани,

Ако Герасимовски е навистина лажно убеден дека вината лежи на друго место, тогаш нека одговори, дали веќе не оди на состаноци во Општинскиот одбор на СДСM Центар, бидејќи ја има изгубено поддршката и во сопствените редови, и нема како да им каже на членовите на Управниот одбор на ПОЦ, кои се членови патем на СДСM, да донесат одлука за враќање на стариот ценовник.

Начини да запре овој рекет врз центарци има, прашање е дали се има волја да се излезе во пресрет и да се одговори позитивно на реакциите на граѓаните.

Центар и центарци заслужуваат многу подобар третман.