Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска.

Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за спорт, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија.

-Горд сум што од оваа година и Македонија е дел од големото семејство на „Плазма Спортските игри за млади“. Уште повеќе сум горд на нашите млади спортисти кои на своето прво меѓународно финале покажаа талент, спортски дух и желба за натпреварување. Медалите се важни и им честитам за секој постигнат успех. Но, вистинската вредност на овие Игри е многу поголема од резултатот. Тие им овозможуваат на децата да спортуваат, да се дружат и преку играта и натпреварувањето да учат што значат тимски дух, толеранција, почит и фер-плеј. Верувам во идејата што ја носат овие Игри – спортот не смее да биде привилегија, туку право и можност за секое дете! Спортот треба да започне со игра, да продолжи со натпревар и секогаш да завршува со почит и фер-плеј – порача министерот Борко Ристовски.

Реклама

Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. На првото меѓународно финале, младите македонски спортисти освоија седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, со трето место во трката на 60 метри, додека екипата на „Ролинг“ од Струмица го освои третото место во баскет 3х3. Во шах, сребрени медали освоија Илијана Велева од Свети Николе и Давид Атанасовски од скопската општина Гази Баба.

Успешен настап македонските претставници имаа и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово освои сребро, додека бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево. Томи Јакимовски, пак, доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

На меѓународната завршница во Сплит учествуваат 1.224 учесници од шест земји. Новитет е учеството на 204 деца од Украина, а поддршка на големиот спортски настан со своето присуство даде и прославениот боксер Олександр Усик, заедно со бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и другите спортови.

Плазма Спортските игри за млади и во својата 30. сезона ја потврдија својата основна мисија – бесплатен спорт за секое дете и создавање можности најмладите преку спортот да развиваат здрави животни навики и да ги усвојуваат вистинските вредности: тимски дух, толеранција, фер-плеј и инклузија

Во изминатите три децении, на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади.

Со учеството во Плазма Спортските игри за млади, Македонија отвора уште една можност за најмладите да бидат дел од големо меѓународно спортско семејство, да се натпреваруваат, да стекнуваат нови пријателства и преку спортот да ги градат вредностите што остануваат многу подолго од секој освоен медал.