Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени. Тој додава дека пресметките покажуваат дека за 25 месеци, во просек секој месец пензиите биле поголеми за 296 денари. Претходно за 83 месеци власт на СДСМ и ДУИ, просекот изнесувал 91 денар. Мицкоски заклучува дека разликата е 3,25 пати повеќе пари на сметките на пензионерите споредено со достигнувањата на претходниците. Ако се споредуваат, пак, овие 25 месеци со првите 25 месеци владеење на СДСМ, разликата била уште подрастична, односно пензиите се зголемиле за 12,5 пати повеќе.

„Еве да ги споредуваме првите 25-26 месеци од претходната влада во периодот јуни 2017-та до јуни-јули 2019-та со овие 25-26 месеци од оваа влада, односно тогаш просечната старосна пензија за првите 25-26 месеци од претходната влада се зголемила за цели 540 денари. Во овие 25-26 месеци на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечната старосна пензија се зголемила за нешто повеќе од 6 илјади и 800 денари или математички прецизно тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Мицкоски смета дека опозицијата треба да критикува, но аргументитано. Овие изјави за пензиите, но и за другите економски параметри, за премиерот се резултат на безидејноста на опозицијата која критикувала за се и сешто, што, според него, треба да се надмине, ако сака да биде конкурентна на политичката сцена.

Реклама

„Тоа е впрочем на крајот од денот и нивен проблем, не е наш проблем. Ние имаме јасна цел. Наша цел се проекти како овој којшто се испорачуваат на повеќе од 1200 места низ државата, реформите, да го стабилизираме системот кој што не постоеше“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Оваа влада ги зголеми примањата на највозрасната категорија граѓани во четири наврати досега. По нешто повеќе од два месеци откако се промени владејачката гарнитура летото 2024-та, пензиите се зголемија за 2.500 денари. Потоа во март  2025-година, примањата се покачија за уште толку. Во септември минатата година, на сметките највозрасните добија уште 1000 денари плус, а во март годинава за уште толку. Тоа практично значи дека на секој пензионер примањата му се сега повисоки за 7 илјади денари. Од наредниот месец, се враќа во игра, старата пресметка согласно швајцарскиот модел, односно покачување согласно растот на инфлацијата и просечната плата.