Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонскиот јазик се учи на сите континенти, интересот расте, а со него…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик се учи на сите континенти, интересот расте, а со него и бројот на младите кои од најразлични краишта на светот доаѓаат во Македонија за да го усовршат јазикот, да ја запознаат културата и да станат нови амбасадори на македонистиката.

„Многу ми се допаѓа културата, литературата и, да, баш е убав јазик. И сакам да го подобрам мојот македонски јазик.“; „За мене македонскиот јазик е јазик на многу занимлива, на многу интересна култура.“; „Јас се занимавам со лингвистика и поради тоа многу ми се допадна македонскиот јазик, поради единственоста на јазикот, историјата на јазикот, дури и звукот на јазикот, бидејќи јас мислам дека е многу мелодичен јазик. И да, сега го предавам јазикот на факултетот во Торонто“, велат младите македонисти.

Ова е уште еден доказ дека македонскиот јазик не е затворен во границите на Македонија. Важно е што се отвораат и нови лекторати, но и да се задржи континуитетот на веќе постојните 12 на странски универзитети.

Реклама

„Таа е голема афирмација, бидејќи тие се амбасадори на нашата култура. Со тоа се претставуваме, со тоа се етаблираме во светот и навистина има многу голем број на студенти, дури повеќе запишани во странство имаме на македонистика“, вели Кристина Николовска, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

„За нас е тоа посебно значајно за оние кои што сакаат да го изучуваат странскиот јазик. Зголемен е интересот и во Турција, значи во лекторатот во Анкара, и во лекторатот во Истанбул, во Ријека, дури има и барања од Универзитетот на Анкара, филолошкиот факултет, за отворање на катедра по македонски јазик“, вели Билјана Ангелова, ректор на УКИМ.

Образованието и науката претставуваат темели за иднината на нашиот јазик и идентитет, истакна министерката за култура, која го отвори 59-тиот Меѓународен семинар за македонски јазик.

„Го одржуваме овој семинар и секоја година го повторуваме она што е исклучително значајно и за јазикот и за нашиот идентитет. Министерството прави напори за подобрување и за унапредување на јазикот“, рече министерката за образование, Јаневска.

Годинава на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура има 60 македонисти од 17 земји.