Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Прилози

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

-Чекајте, фејк њуз на крај да ги оставиме, пак Филипче вака удри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Чекајте, фејк њуз на крај да ги оставиме, пак Филипче вака удри по Алфа.

Филипче станува се попараноичен. Не може да му се постави ни најнормално прашање, особено не од ТВ Алфа, а тој да не влезе во неконторлирана канонада на навреди, клевети па дури и закани. Отиде дотаму што на новинарите им порача дека ќе мора да доаѓаат на баци рака и да му се извинуваат, а уредниците во телевизијата ќе одговоарале, откако во наводници тој „ќе ги ослободел медиумите“ . Како и зошто не кажа.

-Видете, вие сте медиум кој што и тоа како ја одработивте оваа тема дека јас сум убиец, ме нарекувавте Менгеле итн. и ќе ви повторам нешто што ви кажав пред повеќе месеци, кога ќе се ослободат медиумите после следните избори, кога граѓаните ќе ни ја дадат довербата и ќе им ја вратиме власта во нивни раце дел од вашите колеги, со вас на чело ќе се извините, а вашите уредници кои што учествуваа во целокупниот овој процес на дефокус, на ширење лажни вести и на клевети, ќе одговараат, пренесете им го тоа, изјави Филипче.

Реклама

Ова е одговорот на најобичното прашање – дали го повикале за сведок во случајот „модуларни болници“. Очигледно на лидерот на СДСМ главни виновници за катастрофалниот личен и партиски рејтинг поради кој и се плаши од предвремени избори му се медиумите кои не се под негова контрола. Повторно се сврте кон теории на заговор од типот на орбанови мрежи иако пред само неколку месеци ликуваше по промената на власта во Унгарија. Сега списокот го надополни и со медиуми од Србија, па не му е само Орбан проблем туку и Вучиќ.

-И притоа сакаат да го заматат медиумскиот простор затоа што кога ќе ја нема вистината, кој победува на изборите кога и да бидат, тие што имаат медиуми, како што се орбановите. А сега дополнително се бара помош од Србија, да се окупира медиумскиот простор, да се целосно стави под контрола и тие што имаат пари, кој има пари, криминалната група на Христијан Мицкоски, изјави Филипче.

Ова не му е прв пат на Филипче и неговата партија директно да удираат по нашиот медиум. Пред четири месеци бомбастично најавија кривична пријава за наводно незаконско финансирање на телевизијата, од која секако нема ништо. Пред три месеци пак најавена беше и кривична поради објавената златна виза на Венко Филипче, но и од неа нема ништо.

Но, тоа не е ништо ново, во владеењето на оваа партија, нашиот медиум секојдневно беше домаќин на финансиските инспектори, кои имаа увид во целата документација за финансиското работење. Алфа беше жртва и на хајки кои ги водеше тогашното СЈО, предовдено од правосилно осудената за криминал Катица Јанева. Но, и при контролите на специјалните обвинители, не беше пронајдена никаква дамка во работењето на телевизијата.

Матеја Петровски