Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Еко-машини за одржување од денеска во градскиот парк во Кавадарци

Еко-машини и алатки за одржување од денеска ќе се користат во Градскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еко-машини и алатки за одржување од денеска ќе се користат во Градскиот парк во Кавадарци за косење трева, кастрење на гранки и други активности во паркот, што важи за еден од најубавите во државата. На промоцијата на новите алатки и машини, беше кажано дека се набавени од страна на Јавното претпријатие „Комуналец“, со цел почиста животна средина и помалку бучава.

– Започнуваме со овие алатки што се на батерии. Целосно еколошки пристап кон работните ангажмани и работните активности во самиот градски парк, така да веќе овој прекрасен парк што се наоѓа на територијата на град Кавадарци, целосно ќе добие и едно еколошко знаме. Ќе бидеме препознатливи и по екологијата. Оние алатки што претходно беа на бензин, правеа загадување, беа премногу бучни. Сега ги заменуваме со нови електрични алатки што се бесшумни да речеме со дел на работењето и целосно екологијата на едно повисоко ниво во самиот Градски парк ќе биде достапна – изјави Гоце Ангеловски, директор на „Комуналец“.

Тој информираше дека целосната посветеност кон зачувувањето на екологијата во паркот, значи и забранет влез за возила, освен во случаи кога тоа е неопходно.

Реклама

Претседателот на Совет на Општината, Стојанче Рамов потсети дека станува збор за квадратура од 80.000 метри квадратни, од кои 65.000 метри квадратни се дрвја, 15.000 метри квадратни е трева.

– Веќе имаме еко-градски парк, има комплетна замена на одржувањето на самиот Градски парк во однос на бензини, во однос на сите уреди и алатки на бензин, одиме на електрификација со нови методи, со батерија, за да воведеме една нова еко-компонента, затоа што и придвижувањето кон модерниот свет е замена на тие фосилни стари горива со батерии, заради зачувување на самата животна средина – нагласи Рамов.

Тој подвлече дека во изминатите осум години, прилично се вложи во овој парк. Притоа се осврна на одржувањето на зелените површини и подигнувањето на нови парковски содржини.

-Тоа што ни останува, да го следиме трендот на новото време, е овие фосилни горива – бензин и нафта, да ги замениме со батерии, односно електрификација. Во тој план ќе продолжиме и во идно време – додаде Рамов.

Патем, потсети дека планираат во јавниот превоз да вклучат и три нови електрични автобуси, наредната година.

Тој ги спомена и најавената електрификација на такси возила, како и изградбата на неколку станици за полнење на електрични возила.