Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

Тешка ноќ зад себе имаа пожарникарите од Прилеп и Битола, кои без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешка ноќ зад себе имаа пожарникарите од Прилеп и Битола, кои без престан се бореа со огнените јазици за да ги спасат селата Мусинци и Лопатица во пелагонискиот и прилепскиот регион. Пожарот синоќа сериозно го загрози селото Мусинци, поради што со булдожер беше направена противпожарна пресека за да се спречи ширењето на огнот кон куќите. Во гаснењето беше побарана и помош од Армијата. Селото во моментов е празно и нема жители. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ангелов, мариовскиот пожар е целосно изгаснат, а активна е само пожарната линија од страната на регионалниот пат Прилеп – Битола. Пожарникарите остануваат на терен и внимателно ја следат состојбата поради можноста за повторно активирање на огнот.

Од страна на прилепските пожарниакри се работи контра пожарот, односно се пали вегетацијата покрај оваа противпожарна препрека која во текот на денот е направена со булдужери“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за управување со кризи.

Ситуацијата засега е под контрола. Од Мусинци одиме према селото Лопатица, досега назад нема преминато ниакде пожарот. На две три места ни премина, со брза реакција го изгаснавме“, изјави пожарникар Милан.

Реклама

Најтешка е состојбата во Македонски Брод, каде повеќе од дваесетина пожарникари се борат со огнот на неколку краци. Теренот е карпест и исклучително непристапен, што значително го отежнува движењето на екипите, а на одредени места тоа е практично невозможно.

„Вториот предизвик останува пожарот на територијата на Македонски брод, каде вчера повторно го активирам модулот на Дирекцијата за заштита и спасување, во моментов составен од 25 доброволни пожарниакри и 5 оперативци на дирекцијата кои даваат поддршка на локалните пожарникари од Македонски Брод. Работеа вчера ќе работат и денес во гасењето на повеќето краци на овој пожар кој се одвива низ екстремно негостољубив терен“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за управување со кризи..

Активен е и пожарот кај селото Никуштак во Општина Липково. Во текот на вчерашниот ден три „ер трактори“ во девет налети исфрлиле околу 9 тони вода врз пожарот, но и покрај интервенцијата огнот се проширил и излегол од контрола. Пожарната линија се движи кон манастирот, а постои опасност да бидат загрозени и околните села. Сепак, одбраната на населените места е полесна бидејќи дворовите се исчистени и има помалку вегетација околу куќите. Гори и во Студеничани, во насока планината Китка. Непристапниот терен, густите грмушки, трњето и шумата дополнително го отежнуваат гаснењето. Од ЦУК информираат дека во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 35 пожари на отворен простор. Пет се активни, два се под контрола, а 28 се целосно изгаснати. Поради високите температури и исклучително сувата вегетација, надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност. И најмалата искра може за кратко време да прерасне во пожар со сериозни последици.