Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Проект на министерството за транспорт за развој на план за урбана мобилност во пет општини во Македонија

Стратешки План дизајниран за да ги задоволи потребите за мобилност на луѓето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратешки План дизајниран за да ги задоволи потребите за мобилност на луѓето и бизнисите во градовите и нивното опкружување за подобар квалитет на животот, односно на животната средина. Ова е целта на Проектот од Министерството за транспорт и врски во соработка со странски експерти, а финасиран од Светската банка.

Неговата евалуација треба да започне во ноември, а ќе бидат опфатени пет македонски општини. Главниот фокус на Планот ги интегрира сите начини на транспорт, а не само автомобилите. Комбинација е од инфраструктура, регулација на пазарот, како и политики за промоција, a станува збор за краток и среден временски период, втемелен во долгорочна визија и стратегија.

„Овој План се работи преку Проект на министерството за транспорт и врски, Проект за поврзување на локалните патишта кој е финасиран од страна на Светска банка, а како една компонента од целиот овој Проект е изработка на планови за одржлива урбана мобилност за пет општини во Македонија, и тоа: Прилеп, Кавадарци, Струмица, Струга и Кочани“, – изјави Винета Иваноска, раководител на Одделението за ЛЕР – Општина Прилеп.

Реклама

Планот, кој е во процес на изработка, опфаќа мноштво компоненти. Во него се вклучени сите општествени чинители кои можат да придонесат за остварувањето на крајната цел: општинската администрација, јавните претпријатија, невладините организации, МВР, спортистите, учениците и секако граѓаните.

„Нашата цел е да поттикнеме што повеќе граѓани да ги променат секојдневните навики со што ќе учествуваат во природен, здрав начин на превоз, со сигурен превоз, одбегнувајќи ги автомобилите, трчање, активирање на сите начини за барање на подобар, безбеден транспорт на патека. Со сето ова можеме да изградиме една подобра животна средина во нашиот град и посигурен начин на живеење“, – истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку, сите овие активности се одвиваат во рамките на Европската недела на мобилност 2025“, а во чии рамки во наредните седум дена во Прилеп ќе се одвиваат низа активности за промоција на одржливата урбана мобилност: ден без автомобили, ден со бесплатен градски превоз, орагнизирано возење велосипеди, пешачење и сл.