Реклама
Прилози

Продолжува судењето за случајот „Онкологија“ – Туфегчиќ вели дека случајот ќе „падне“

Обвинението за случајот “Онкологија 1” се очекува целосно да падне според тврдењата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинението за случајот “Онкологија 1” се очекува целосно да падне според тврдењата на одбраната. Владимир Туфегџиќ адвокатот на второобвинетата докторка Симонида Црвенкова,  вели дека доказите на Обвинителството се слаби и неосновани и дека во текот на судењето ќе се покаже оти обвинението е погрешно поставено. Според адвокатот, вештачењето од Словенија било направено врз нецелосни и селективно избрани документи.

Туфегџиќ тврди дека не биле земени предвид претходните болести на пациентите, нивното лекување во други клиники,како ни македонските протоколи за третман на рак.

Јас очекувам целосна дискредитација на обвинението бидејќи се докажа дека стручниот наод и мислење е направен врз основа на селективна и нецелосна документација, не се земени предвид претходните истории на болеста на пациентите, лекувањето во други клиники како ни операции и препораки во таа смисла. Понатаму, не се земени предвид националните протоколи на Македонија и она што е најбитно, вештакот се согласи дека во конкретниот случај се работи за лекување на метастатски рак кој е неизлечива болест– изјави адвокатот на одбраната.

Реклама

Туфегџиќ нагласи дека станува збор за тешко болни пациенти со метастатски и неизлечлив рак и дека, за жал, смртниот исход кај нив бил очекуван. Одбраната смета дека докторката не е виновна и дека случајот е изграден врз непотполна документација.

Самото лекување, применетиот медицински третман треба да биде во рамките на националните препораки кои ги применувале нашите лекари. Надвор од тоа не може да се бара никаква одговорност. Сите знаеме во каква кондиција е нашето здравство………. и во судница бевте присутни кога кажав дека ја бранам доктор Црвенкова, нејзините чест и углед, но ги бранам честа и угледот на здравствениот систем на Македонија– рече Туфегџиќ.

Во изминатите три дена на судењето за „Онкологија“ беа презентирани клучни докази.

По барање на скопското Обвинителство, вештачење изработи д-р Маја Равник од Универзитетот во Марибор. Таа во своето излагање посочи дека при лекувањето на пациентите не биле почитувани европските протоколи, како и дека биле давани лекови кои, според неа, немале соодветна индикација за видот на карцином од кој боледувале пациентите.