Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Продолжува осовременувањето на прилепската општа болница со ретки и софистицирани дијагностички апарати

Прилепската Опшата болница со проширена надлежност добива нов, современ апарат за видео-електро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепската Опшата болница со проширена надлежност добива нов, современ апарат за видео-електро енцефалографија за Одделението за детски болести. Апаратот, кој е донација од Компанијата „ВИК“, е во вредност од над 25 илјади евра и досега го имаше само на скопската Клиника за педијатрија и во некои од приватните болници во земјава.

   „Со оваа донација, Општата болница во Прилеп, дополнително го зацврстува своето водство во областа на педијатрската неврологија во ЈЗ регион на Македонија и го потврдува својот континуиран стремеж за унапредување на здравствените услуги за најмладите пациенти…Исто така, со овој современ апарат, освен од ЈЗ дел, очекуваме пациенти од цела Македонија…За оваа метода и за овие испитувања имаме докторка суб-специјалист педијатар невролог која е обучена за оваа метода“, – изјави д-р Кире Јоноски, директор на Општата болница во Прилеп.

    Според  доктроката која ќе работи со овој најсофистицаран апарат од реномираниот бренд „Натус“, неговата набавка ќе биде од непроценлива полза за точна и брза дијагноза кај најмалите пациенти, вклучително и на оние со епилепсија.    

Реклама

  „Станува збор за современ апарат, современ видео ЕЕГ-систем кој што овозможува попрецизна дијагноза затоа што добиваме синхронизирано снимање во реално време на мозочната електрична активност и на клиничките манифестации, односно на однесувањето на детето. Покрај можноста за видео-снимање овој апарат има можност и за кардио-респираторно следење, што исто така е многу важно за сеопфатна дијагноза“, – кажа д-р Габриела Тавчиоска, суб-специјалист по педијатриска неврологија. 

   Од германската Компанија „ВИК“ пак, како општествено одговорна компанија и донатор, велат дека нивната заложба за поквалитетно здравство на македонските граѓани, во случајов на најмалите, ќе продолжи и во иднина.

   „Во „ВИК“ сме посветени како семеен бизнис да направиме се’ што е во наша моќ и можност за да дадеме поддршка онаму каде што ги имаме лоцирано нашите опреции. Иднината е добра за луѓето тука и затоа децата ни се многу важни, здравствениот систем ни е важен, а ние можеме да дадеме поддршка и сме посветни на тоа“, – рече Кристоф Доерн, извршен директор на „ВИК“.    

За вредната донација, се заблагодари и градоначалникот Борче Јовчески, кој потсети дека Компанијата „ВИК“ и во изминатите години имала повеќе донации, најчесто наменети за најмалите жители, исто како што е втората денешна донација од инвентар за една Детска градинка во градот.