Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Привршува откупот на тутунот – досега преземени 90% од родот

Иако законскиот рок за откуп на тутунот завршува на крајот од февруари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако законскиот рок за откуп на тутунот завршува на крајот од февруари, веќе се откупени околу 90 посто од лани производениот род. Годинава тутунот е со одличен квалитет, велат тутунарите, но она што ги фрапира се откупените количини кои досега изнесуваат над 23 милиони килограми и се високо над сите претходни предвидувања од најмногу 20 милиони килограми. Сомнежите се дека отсусутвото на класи и ценењето без никакви одбитоци, си го земаат својот данок на штета на вистински квалитетниот тутун.

„Таа бројка е добиена од влажни тутуни, од неодбивање на калото на самите картони. И сето тоа си ја донесе таа бројка на произведен тутун…Не е коректно, меѓутоа тој начин на откуп го наметнаа самите откупувачи..Ние сме за да се смени начинот на проценка во иднина за да не дојде до ваква анархија на купување на тутун, да се воведат барем класи, да се зголемат цените и да биде реална проценката на тутунот, и да бидат задоволни и тутунопроизводителите, и фирмите кои го купуваат тутунот“, – вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

Освен сомнежите дека во некои од картоните освен некавалитетен тутун, има и песок за да натежне, меѓу тутунарите се шпекулира дека во земјава се откупувал дури и увезен тутун. Но, од Сојузот уверуваат дека тие немаат никакви докази за такво нешто, исто како и што не се сигурни за шпекулациите дека некои од откупните компании еднаш откупениот тутун, по неколку дена, пак им го враќале на одредени тутунари.

Реклама

„Од нас никој не побарал да интервенираме за вратените количини, меѓутоа дојдена и до нас шпекулација дека дел од откупените тутуни се враќаат. А што се прави понатаму со тие тутуни, не знаеме“, – објаснува Ристески.

Инаку, во пресрет на новата производна реколта, минатата недела, на иницијатива на ресорниот министер, формирано е работно тело со претстваници од Сојузот на тутунски здруженија и од сите откупувачи, со цел навремено утврдување на начините на склучување на новите договори и договарање на откупните цени. Тутунарите велат дека мора да се стави ред во проценката на тутунот каде главен критериум ќе биде квалитетот на родот и согласно тоа и да се вреднува.