Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Прилепските археолози ги доистражуваат уникатините камени гробници на Маркови Кули, не се знае уште колку ги има

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп. Тие се од владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од првиот и вториот век од нашата ера од хелинистичкиот период.

Според археологот, козерватор Владимир Крстески, овој тип гробници се специфични и претставуваат единствена појава во Прилепскиот регион. Во гробниците се закопувале видни граѓани и може да бидат голема туристичка атракција.

-Нивни заеднички елементи на градење се: дромосот, преткомората и главната комора каде се приложувале посмртните, односно, спалените останки на покојникот. Хронолошки, се датираат во првиот и вториот век од нашата ера, односно во доцно-хелинистичкиот период.

Реклама

Со доистражувањата на овој тип гробници во Пелагонискиот регион ќе се надополнат сознанијата за погребувањето на луѓето од повисокиот општествено-политички статус за време на владеењето на последните македонски кралеви Филип Петти и Персеј. Со тоа ќе станат убава туристичка атракција со поатамошните конзерваторски работи и нивно заштитување и целосен пристап за да може посетителите и туристите да ги посетат и да го видат начинот на погребување од овој тип, објаснува Крстески.

Со децении се знае за камените гробници но комплексот Маркови Кули кој сѐ уште крие тајни и големи археолошки изненадувања. Гробниците ги истражувал познатиот прилепски археолог Бошко Бабиќ во шеесетите години. Најмногу ги има во Прилепскиот регион и, според досегашните податоци се 27 гробници. Во битолски Суводол се три, четири се во Гевгелиско-валандовскиот регион и една гробница е кај Кратово, на локалитетот „Дупка“. Има индиции за уште поголем број гробници, дури и од средновековието, а истражувањата ќе продолжат и во наредните години со што ќе бидат доистражени сите гробници на оваа територија. Комплексот Маркови Кули е една голема некропола.

-Специфично е и тоа што се врзуваат и се наоѓаат во близина на античките градови Керамија, кој бил во непосредна близина, односно на Марковите кули и во близина на античкиот град Колобаиса, односно во Горно село кај Трескавец. Тоа ни докажува дека во тој период овие градови живееле и имале висок политички и економски статус. Овој цел Регион претставува една огромна некропола. Тоа се докажува со нашите истражувања дека се пронајдени уште два гроба од подознежниот период, и тоа, од средниот век. Во иднина истражувањата ќе покажат што сѐ околу Марковите кули се крие, вели археологот конзерватор од прилепскиот завод и музеј Владимир Крстески.