Реклама
Македонија

Прилепскиот центар за култура повторно отворен – неизвесна судбина за театарот „Војдан Чернодрински“

По два месеци од затворањето заради утврдената сериозна небезбедност, прилепскиот Ценатар за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По два месеци од затворањето заради утврдената сериозна небезбедност, прилепскиот Ценатар за култура „Марко Цепенков“, повторно е ставен во функција. Отстранети се сите безбедносни недостатоци кои беа детектирани од страна на ДЗС, уверува директорката на оваа Национална установа, стара речиси половина век, и сега објектот пак е отворен за сите јавни настани.

Клучните забелешки беа: да се санира хидрантската мрежа, тоа го постигнавме, демонтажа на стариот радиоактивен громобран и монтажа на нов, поставување на агрегат за челичната завеса, кој нели, го дели гледалиштето од сцената, во случај нели, на пожар. Смерот на вратите, а имавме и дополнителни некои забелешки по однос на системот за дојава на пожари, електричната енергија, меѓутоа сето тоа веќе е санирано“, – изјави Марија Попова – Јованоска, директорка на НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп.

Но, наспроти ова, за жал, судбината на тетарската зграда во можеби најтеатарскиот град во земјава, а која беше затворена од истите причини, останува и понатаму неизвесна. Заради староста и дотраеноста, стравувањата се дека прилепскиот НТ „Војдан Чернодрински“, најверојатно никогаш повеќе нема да проработи. Ова, особено ги погодува тетатарските работници кои веќе и очајно апелираат дека Прилеп одамна заслужува достоен храм на театарската уметност, а не опасна стара руина.

Реклама

Театарот наш, овие два месеци помина низ многу предизвици. До тоа – да се биде или не…! Иако театарот ги затвори вратите за публика, театарот не престана во ниту еден момент да работи. Докажавме дека уметноста нема ѕидови и дека таму каде што има приказна, има и публика, има и театар. И НТ ќе продолжи да работи, извинете за тоа што сум емотивен, бидејќи овој чин на затворање, мене лично како актер, а и сите нас – премногу неповреди“, – кажа Михајло Миленкоски, актер и раководител на НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

Инаку, изградбата на нов современ театар, на Прилеп му се ветува со години. Јавна тајна е дека во постоечкиот, а кој од март е затворен, долго време се работеше во субстандардни услови за што гласно алармираа и самите актери. Но, сепак, од оваа установа уверуваат дека и покрај се’, театарот ќе продолжи да живее во Прилеп, во градот кој веќе 60 години е и успешен домаќин на МТФ „Војдан Чернодрински“, а кој годинава ќе се одржува од 6 до 13 јуни во салите од санираниот ЦК „Марко Цепенков“.