Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

„Отепан“ тутун од градот со големина на орев, поплавени ниви од поројниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Отепан“ тутун од градот со големина на орев, поплавени ниви од поројниот дожд, „полегнат“ тутун од силниот ветер. Штетите се проценуваат на десетици илјади евра. Ова е тажната слика што само за половина час зад себе ја остави последното невреме во атарот на прилепското село Големо Коњари.

„Тоа беше страшно невреме со ветришта и со голем град. Површината во Големо Коњари која е зафатена е преголема. Значи, оштетување имаме 100% на градинарски култури и на тутунот. Мислам дека посебно градинарството нема враќање назад, тоа е завршена работа. Парите се исфрлени, не можеме да се вратиме. Кај тутунот, најдобрите берби – трета, четврта рака, се целосно уништени“, вели оштетен земјоделец од с. Големо Коњари.

„Јас живеам исклучиво само од тутун. 10 декари имам тутун, пипер пола декар имам јас. Луѓето имаат по 20 декари пипер, имаат тутун по 20, зависи“, кажа Јане Пуцакоски, земјоделец од с. Големо Коњари.

Реклама

Родот на речиси сите земјоделци не им е осигуран, што ги прави уште поочајни. Бараат од осигурителните компании, заради сè позачестените невремиња, повторно да почнат да ги осигуруваат земјоделските култури.

„Значи, не ми осигуруваат, и ако ми осигураат, ми осигуруваат по декар, а тон и пол на 20 денари е срамота! И не дај Господ да те мавне град, може да ти дадат некој денар колку да ти вратат тоа што треба да го платиш таму“, резигнирано раскажува оштетен земјоделец.

Завчерашното невреме ги зафати атарите на селата кои само ден претходно беа зафатени и од силниот пожар, па според градоначалникот на Прилеп, неопходно е оштетените земјоделци да ги пријават сите штети, по што надлежната општинска комисија пријавите ќе ги процесуира до Владата.

„Се надевам дека ќе има барем минимален надомест на штетите кои што се причинети, но од информациите и од разговорот со земјоделците, навистина тие се големи и не знам дали се надоместливи, и дел од оваа реколта можеби завршува со вчерашниот ден“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, веќе денеска ќе биде формирана и Комисија за проценка на штетите со цел обесштетување на земјоделците кои ќе пријават штети.