Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Прилепчанка- социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а по преживеаниот неодамнешен ненадеен мозочен удар, речиси три месеци таа не била ни дома. Се лекувала. Но, нејзината последна сметка за струја е дури 15.000 денари. 69-годишната прилепчанка Ангелина Талеска, која се’ уште незакрепната од болеста што ја снашла, по првичниот шок, сега во очај бара помош за, како што вели, да не плати нешто што не потрошила. А и нема ни од што, бидејќи таа преживува од социјалната пензија од неполни 8.000 денари.

„Само една ламба гореше, јас бев на болница месец дена. Месец и пол бев кај брат ми додека идеше масерот. Јас сум сама тука. Два и пол месеци јас не бев тука за олку големи сметки…и да не бидам дома. Струјомерот е во салонот, клучевите беа во мене на болница и никој не може да влезе“ – видно вознемирена раскажува Ангелина Талеска.

Сомневајќи се некој да не крадел струја, или пак инкасаторот да не направил некоја грешка, таа побарала од ЕВН да дојде Комисија и да го провери броилото. Молбата и’ била прифатена и била задолжена за услугата да уплати околу 500 денари, што и го сторила. Но, наместо да дојде Комисија, таа доживеала нов шок. Била исклучена од електричната мрежа, иако други заостанати сметки – нема. По нејзината реакција, следниот ден струјата повторно и’ била пуштена, со образложение дека по грешка била исклучена. Ама, од ветената Комисија до ден-денес нема ниту трага, ниту глас.

Реклама

Ете, платив и после таа ми вели – не, не ти реков дека за Комисија плаќаш. Ами зошто го платив тоа ?!  За да ти ја скини струјата тој. Ами, јас ти ја дадов цела социјална, уште 6.000 и нешто!!! Јас си го платив она дури бев дома. И сега, откако сум дојдена од болница, ми дојде 3.000 денари, зошто…за пет дена 3.000 ?! Другиот ден, си идам од ЕВН, плаќам таму, и на порта гледам – 15.000 белешка ?! И тие што ги платив.. оној дел дури бев дома…?! Јас не знам зошто?!  – се прашува очајната Ангелина.

Преплашената Ангелина вели дека само таа си знае како со години врзува крај со крај со мизерната социјална пензија што ја зема. Но, досега не останала должна за ниту една сметка. Ама, овојпат, таа е гневна што од неа се бара, како што вели, да плати нешто што не потрошила, и жали  што заради влошената здравствена состојба, немоќна е правдата да ја бара по други институции.

Овој текст е обновен и е додадена реакција од Електродистрибуција:

По вчера објавената сторија на ТВ Алфа за прилепчанаката – социјален случај која добила сметка од 250 евра, иако таа речиси три месеци не била ни дома, која побуди голем интерес во јавноста, денеска со писмен одговор се огласија од ЕВН.

Според нив, наведениот износ од 15.000 денари, не е долг по основ на една фактура, туку велат дека се работи за вкупен долг на корисникот. Исто така, од ЕВН уверуваат дека корисникот бил исклучен од мрежата поради неплатени фактури, по што од негова страна бил платен и повторен приклучок од 418 денари. „Дополнително, корисникот не побарал, односно не уплатил услуга за контрола на мерното место, а додека броилото му било редовно отчитано, што подразбира дека вредностите за потрошувачка во фактурите се точни. Електродистрибуција е надлежна само за мрежата до броилото на корисникот. Компанијата може да утврди само количини на потрошувачка на електрична енергија од одреден објект и нема пристап внатре во објкетот за да констатира како се потрошени тие количини“, – се вели во посмениот одговор од ЕВН.