Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Прилепчани се подготвуваат за утрешниот празник – денеска е строг пост

Доследно придржувајќи се до традицијата и црковните канони, прилепчани се подготвуваат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доследно придржувајќи се до традицијата и црковните канони, прилепчани се подготвуваат за утрешното положување на Чесниот крст во осветените води по повод големиот празник „Богојавление – Водици“. Воздржувајќи се од мрсна храна, верниците во тихување и духовен мир, денеска на „Водокрст“, го празнуваат стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството. За оние пак, кои се родени на денешен ден се верува дека ја носат сенката на Чесниот крст, со што се и посебно одговорни за своите дела и постапки.

   „Еве, денеска постиме. Денеска е „Водокрст“, или „нејатка“ по старо, по наше кажано. Значи, ги почитуваме сите празници. Еве, денеска си дојдовме во „Св. Петка“ да си запалиме свеќи, да се помолиме на Бога. Тоа ни е најважното нешто. Најсветото за нас, тоа е“ – вели една анкетрирана прилепчанка.

   Со денешното осветување на водите, всушност завршуваат таканаречените „Некрстени денови“, кои траат од Божик до Водици, и кои според народните верувања се исклучително „опасни“ денови во кои доминираат „нечистите сили“. Со крштевањето, односно осветувањето на водите, се верува дека се „парализираат“ нивните моќи, со што и значењето на Божик станува уште поторжествено.

Реклама

   „Водици“ е најсветиот празник, значи после Божик, после Велигден, и за нас е најубавиот празник во годината, третиот празник. Значи, сите сме среќни, весели и задоволни“, – анкетрирана прилепчанка.

   „Треба да продолжи традицијата. Младите да ја држат традицијата и после нас да има некој што ќе почитува, тоа ни е најважно. Добро е и за државата, преку младите да напредува државава, до обичаите да си се држиме, секој колку што може“, – кажа друга прилепчанка.

   Инаку, годинава, за пронаоѓањето на Чесниот крст, пријавени се над 500 верници. Богојавленскиот крст ќе биде положен на 20 различни локации во општина Прилеп, а најмасовно ќе биде на базенот од „Аква Парк-Салида“, каде по Светиот крст, точно напладне, ќе скокнат околу 120 верници. За децата до 13 години пак, овој богоугоден чин се организира во базенчето од црквата „Св. Благовештение“. А како посебна атракција веќе шеста година е извлекувањето на Чесниот крст од водите на Плетварското езеро, за каде интересот од година во година е се’ поголем. Општина Прилеп, како редовен покровител на овој настан, освен за најсреќниот, пригодни подароци обезбедува и за сите останати учесници.