Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Прилеп по 20-ти пат ја одбележа градската слава „Св. Никола“ – отворена посна трпеза во центарот од градот

Со навраќање кон изворната традиција од пред две децении, а која последниве…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со навраќање кон изворната традиција од пред две децении, а која последниве години како малку да беше подзаборавена, Прилеп и прилепчани го прославија својот Патрон-заштитник „Св. Никола“. На богатата посна трпеза поставена на отворено, годинашните кумови, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, ги почестија своите сограѓани со традиционалните светиниколски јадења: гравче, уникатните сармички, риби, маслинки и секако греано вино и ракија.

Посната трпеза ја благослови надлежниот архијереј, г. Патар, а претходно пред Параклисот подигнат во чест на Светецот, беше прережан и славскиот колач.

„Денеска, ако некогаш е најпотребно да се застапуваме за правдата, за праведноста, за верата и за општата правда во општеството, ние не можеме поинаку да постапиме освен како што постапувал Св. Николај…со устите наши, со гласот наш, со совеста што ни ја дал Бог, која е гласот Божји во секој човек, почнувајќи од децата, па до најстарите, да се застапуваме за праведноста“, – изјави г. Петар, митрополит.

Реклама

Градоначалникот, заблагодарувајќи им се на сите досегашни домаќини во овие 20 години, а особено на годинашните и идните, најави дека оваа традиција мора да продолжи, бидејќи тоа е најголемиот чекор кон човечноста и сплотеноста.

„Овој јубилеј ни дава уште поголем мотив да продолжиме да ја негуваме традицијата, меѓусебната почит и солидарноста, заедно да градиме и да создаваме иднина за генерациите што доаѓаат по нас, не заборавајќи ги основните човекови вредности“, – порача Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Чествувањата на Градската слава започнаа уште рано утринава со празнична Богослужба во црквата „Св. Благовештение“, а во Ликовниот салон од Домот на културата беше поставена и изложбата – „Уметниците во чест на „Св. Никола“. За нови домаќини, за следната година се пријавија од компанијата „Рустика“.