Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

🎥 Прилеп ќе ја добие првата фабрика за секундарна селекција на отпад, на која се чека една деценија

       Најдоцна за три-четири месеци, во Прилеп, конечно треба да профункционира првата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Најдоцна за три-четири месеци, во Прилеп, конечно треба да профункционира првата Фабрика за секундарна селекција на отпад, лоцирана до Депонијата „Алинци“.  На овој пионерски чекор за „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, прилепски „Комуналец“ и Општината работат подолго од една деценија, со периодични прекини во изградбата, најчесто заради политички причини. Сега, градежниот дел веќе е во завршна фаза и се очекува почетокот на втората фаза за инсталирање на линијата за селекција на отпадот, во вредност од близу 50 милиони денари.

   „Тој проект е поделен во две фази. Едната е градежна фаза, а другата е за машинскиот дел од фабриката за селектирање на отпад. Градежниот дел е веќе завршен и веднаш после него, бидејќи двете фази не моеа паралелно да се изведуваат, почнува изведувањето на внатрешно инсталирање на машинските елементи од таа Фабрика и се надевам дека во наредниве 3-4 месеци веќе ќе биде комплет доопремена“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  Фабриката ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни, а целокупниот комплекс ќе опфаќа вкупна површина од 5780 квадрати. Електро-машинскиот дел, односно постројката за селекција на отпадот е набавен од реномираната хрватска Компанија „Техникс-еко“.

Реклама

 (ТЕЛОП) „Во моментов се работи на инсталацијата на електричната мрежа и контролните табли во халата, како и на бетонирањето на плочата за поставување на монтажни бараки за вработените кои опфаќаат: административен дел, кујна, соби-гардеробери, тушеви и санитарни јазли. Поставена е атмосферска и фекална канализација, а се изведува и био-јама со прочистителна станица“, – информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

  Овој еко-стопански комплекс започна да се гради во 2016 година, со сопствени средства од комуналното претпријатие. А целокупниот комплекс ќе биде дореализран со пари од Министертсвото за животна средина, по аплициран проект од страна на ЛС во износ од 90 милиони денари.

  Инаку, Прилеп со години е лидер во селектирањето на отпадот.За идната Регионална депонија која допрва треба да се гради во Новаци, општина Прилеп ќе биде една од трите општини во државава која ќе биде и Претоварна станица.