Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Прилеп и Долнени, утре и задутре домаќини на 52-то издание на Фестивалот „Пеце Атанасоски

„Зборот на Конески, гајдата на Пеце“. Општините Прилеп и Долнени, под ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Зборот на Конески, гајдата на Пеце“. Општините Прилеп и Долнени, под ова силно мото, по 52-ри пат, утре и задутре ќе бидат домаќини на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Како единствен фестивал кај нас кој половина век е неприкосновен чувар на изворната македонска песна и на народните инструменти, ќе собере над 200 учесници од 5 до 85 години, кои со гордост го негуваат изворниот македонски фолклор и традиционалните вредности.

„Имаме учесници буквално од сите краеви на Македонија. Селекционата комисија има предвид да бидат застапени инструменталисти и вокални интерпретатори и да се презентира буквално од секој крај на Македонија. Исто така, тука ни се и националностите… Исто така, оваа година имаме и гости од странство, Македонци. Едниот е од Канада, кој што навистина ги негува традиционалните инструменти во Канада, и уште еден од Америка“, – изјави Горан Василески, директор на Фестивалот „Пеце Атанасоски“.

И покрај ваквиот голем интерес и својата уникатност, сепак Фестивалот со години кубури со средства. Годинава, од Министерството за култура му се доделени само 700.000 денари, заради што има кратење и на фестивалските содржини, и на времетраењето, велат организаторите. Но, истовремено уверуваат дека Фестивалот секако ќе опстои, како што, впрочем, и досега опстојувал.

Реклама

„Многу ни се скратени средствата. Лани имавме 1,1 милион денари, на крајот ни скратија уште 200.000. Останавме со неплатени хонорари. А годинава имаме 700.000 денари. Истите учесници се, никогаш не кратиме од учесниците, од 250-300. Без масовност овој Фестивал не може да помине… Од сѐ ќе се откажуваме, и од хонорари, и од придружни манифестации, меѓутоа ова, како еден вид база, бројката никогаш нема да се намали“, – децидна е Донка Бачанова, секретар на Фестивалот.

Во рамките на Фестивалот, годинава се одржа само дводневна едукативна работилница за изворниот мелос, а изземени се симпозиумите, семинарите, како и традиционалното дефиле низ Прилеп. Двете фестивалски вечери ќе се случуваат на Камената бина во Прилеп и на Амфитеатарот „Рудина“ во Долнени.