Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Прилози

Прилеп доби Центар за е-услуги – документи и услуги на едно место

Општина Прилеп се вброи помеѓу 14-те општини во кои профункционира Е-порталот, преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Прилеп се вброи помеѓу 14-те општини во кои профункционира Е-порталот, преку кој граѓаните ќе можат да ги добиваат сите документи на едно место со помош на стручни лица. Ова ќе ги намали гужвите, времетраењето, но и ќе ја зголеми ефикасноста при вадењето документи, особено кај граѓаните кои немаат многу познавање од е-технологиите.

„Сите услуги кои што се нудат на националниот портал, сите граѓани на Прилеп, без да треба да отвораат сопствен профил, можат да ги посетат нашите центри за услуги, и таму и да отворат профил за нив нашите вработени, и да добијат било која услуга што им е потребна. Така што Прилеп го поставуваме на мапата на сега 14 градови низ цела Македонија каде што граѓаните можат да добијат услуга без да имаат дома дигитални алатки или без да го познаваат порталот“, – изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Канцеларијата на новиот Центар за е-услуги е сместена во просториите од Одделението за администрирање со даноци и комунални такси. Имајќи предвид дека се’ уште голем дел од граѓаните, а особено оние повозрасните, не знаат како да ги користат современите електронски можности, Општината ќе обезбедува и едукативни средби со сите заинтересирани.

Реклама

„Се зафативме и ветивме еден проект кој што значи подобрување на квалитетот на живот и намалување на гужвата и редиците кои што ги имаат институциите кои што издаваат документи“, – посочува Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, овие центри се отвораат како дел од заложбите на Владата за градење на сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, именувани како „Една точка за услуги“, со што им се овозможува на граѓаните – на едно место да добијат услуги и информации од различни државни и јавни институции, по принципот на „едношалтерски систем“. Досега вакви центри се отворени во: Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Охрид, Аеродром, Јегуновце, Штип, Кавадарци, Виница, Свети Николе, Неготино и Делчево.