Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Презентиран проектот за унапредување на итната медицинска помош во Југоисточниот плански регион

Во Струмица денеска беше промовиран проектот „Heart Safe CBA – Кон прекугранична…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Струмица денеска беше промовиран проектот „Heart Safe CBA – Кон прекугранична област, безбедна за срцето“, кој се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка Interreg IPA „Грција – Македонија 2021–2027“, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји и унапредување на итната медицинска реакција и здравствените капацитети во прекуграничниот регион.

Според Даниела Мафкова од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион,  предвидените активности вклучуваат обука на повеќе од 1200 здравствени работници и граѓани, набавка на современа медицинска опрема, како и други мерки насочени кон создавање побезбедна прекугранична област.

-Како Центар за развој на Југоисточниот плански регион ја препознавме важноста на ваквите иницијативи за нашите општини и нивните граѓани. Регионалниот развој не се однесува само на регионалниот развој и инфраструктура, туку и создавање на услови за поквалитетен, побезбеден и поздрав живот, рече Мафкова на денешната прес-конференција.

Реклама

Според Јован Коцев, директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, основна цел на проектот е подобрување на прекуграничната соработка и подобри реакции при давање итна медицинска помош.

-Кога зборуваме за давање итна медицинска помош секоја секунда е важна. Навремената реакција, опремата, како и обучениот медицински прерсонал секогаш знаат да ја направат разликата меѓу животот и смртта, рече Коцев.

Инаку, преку проектот, кој го реализираат Општата болница „Ахепа“ од Солун, Хеленското здружение за итна претхоспитална медицинска грижа од Грција и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ќе бидат обезбедени 4 нови амбулатни возила, 18 автоматски дефибрилатори, 6 полуавтоматски дефибфрилатори, 6 електрокардиографи и опрема за обука.

Вкупниот буџет за проектот е 1.217.146 евра, од кои од ЕУ фондовите се обезбедени 973.716 евра, а од националните фондови 243.429 евра.