Реклама
Македонија

Претставување на прелиминарни резултати од научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на претставувањето на прелиминарните резултати од научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“ што ќе се одржи на Правниот факултет во Скопје.

Како што соопштија од МОН, проектот е реализиран од тимот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука.