Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Претставата „12“ на МНТ најдобра претстава во целина на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп –

Тричленото жири во состав од тројца врвни познавачи на пошироката театрска уметност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тричленото жири во состав од тројца врвни познавачи на пошироката театрска уметност од: Бугарија, Црна Гора и Србија, по одгледаните 14 претстави, а од кои 9 беа во официјална конкуренција и беа оценувани, годинашната награда за уметничко остварување во целина, со мнозинство гласови, му ја додели на МНТ од Скопје за претставата „12“. Исто така, но со едногласна одлука, ова жири, на претстава и’ ја додели и специјалната награда за колективна актерска игра.

   „Екипната работа на актерите во претставата „12“ ни зборува за театарот, тука и сега, но тоа не е наједноставно изречено. Секој од тие бескрајно талентирани, но и бескрајно различни актери, ни ја внесува способноста во личниот свет, но и исто така, остава топол впечаток партенерството меѓу нив. Без тоа, без да има борба за превлсат е како во еден кадар. Секој од тие актери кои на различен начин  се дел од историјата на современиот македонски театар, плени со својата посебна автентичност како личност на актерско присуство“, – кажа Лилија Абаџиева, претседател на жири-комисијата од Бугарија.

   На годинашното 59-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, чии завеси се спуштаат вечерва, жирито додели вкупно 16 награди. А додека единствената награда од публиката, годинава за прв пат, отиде во рацете на Турскиот театар од Скопје за претставата „Слепци“.

Реклама

    „Дури се спрема претставата, дури траат поробите, цело време велиме – се е ок, имаме публика и во Скопје и секаде во Македонија, ама прилепската публика ни е посебна. И тоа ќе остане секогаш така, и да, очекувавме дека ќе имаме нешто како награда“, – изјави Осман Али, директор на Турски театар – Скопје.

  „Претставата носи една многу, многу важна порака која што е многу битно да се слушне денес. А тоа е дека различноста е идентите на идентитетите….Турскиот театар е малциснки театар во Република Македонија, но истовремено е полн со ансамбл на многу, многу живи актери, полни со страст и публиката вчера како да ја прими таа наша порака многу силно, мислам прилепската публика е магична“, – рече Слаѓана Вујошевиќ, наградена „млада актерка“ од Турскиот театар – Скопје.

  Годинашниот МТФ „Војдан Четрнодрински“ се одржуваше од 6 до 13 јуни, а најголем дел од претставтите се прикажуваа на сцената од ЦК „Марко Цепенков“, бидејќи вратите од прилепскиот НТ „Војдан Чернодрински“, и понатаму остануваат затворени заради небезбедност, што за голем дел од актерите претсвауваше и емоционален, но и професионален хендикеп.